1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалЕвропа

Перење пари: ЕУ забранува плаќање во кеш над 10.000 евра

ЖА
18 јануари 2024

Со новите правила се хармонизира регулативата во цела ЕУ и се затвораат дупките кои криминалците ги користат за перење нелегални пари и финансирање на терористички активности.

Пклаќање во готово евра
Во иднина ограничување на плаќањето во готово во ЕУФотографија: K. Schmitt/Fotostand/picture alliance

Во ЕУ во иднина ќе биде забрането плаќањето во готово над 10.000 евра. Преговарачите на Европскиот парламент и на земјите членки денеска (18.01.) се усогласија околу  поостри мерки против перењето пари,  со кои се затвораат дупките во националните законодавства. Трговците со луксузни стоки во иднина мора да го проверуваат идентитетот на своите муштерии и да ги пријавуваат кај властите сомнителните бизниси.

Заострената регулатива ќе важи посебно за трговијата со скапоцени камења, луксузни автомобили, приватни авиони и бродови. На удар на новите законски прописи, според усогласувањето, ќе се најдат и финансиски силните фудбалски здруженија, како ФЦ Баерн Минхен или Борусија Дортмунд – професионалниот фудбал со неговите инвестиции од милијарди од трети држави се смета за можна влезна врата за  перењето пари во Европа.

Властите засилено во визир ќе ги имаат и криптовалутите, како и банкарските зделки на супер богатите со имот од најмалку 50 милиони евра. Сопствениците на претпријатија со удел од најмалку една четвртина низ цела ЕУ ќе треба да бидат регистрирани. На тој начин меѓу другото треба да се спречи руските олигарси да ги заобиколуваат воведените санкции поради руската агресорска војна во Украина.

Со новите правила се хармонизира регулативата во цела ЕУ и се затвораат дупките кои  криминалците ги користат за перење нелегални пари  и финансирање на терористички активности. 

Законот ќе треба да го одобрат Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ. Надгледувањето на новите правила ќе биде во надлежност на националните служби, со координација од нова европска служба против перењето пари, чие седиште ќе биде договорено оваа година. Германија претендира тоа да биде во Франкфурт.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми