1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Трамп одобрил операции на ЦИА во Венецуела

СН/агенции | АРД
16 октомври 2025

Американските напади врз бродови на наводни шверцери на дрога веќе ја налутија венецуелската влада. Но, сега американскиот претседател Трамп оди чекор понатаму: Тој потврди дека одобрил тајни операции на ЦИА во земјата.

Луѓе поминуваат покрај мурал во главниот град на Венецуела, Каракас
Тензиите меѓу САД и Венецуела се зголемија во последните месециФотографија: Federico Parra/AFP/Getty Images

По смртоносните напади на американската војска врз бродови наводно натоварени со дрога во Карипското Море, претседателот Доналд Трамп најави и борба против шверцерите на дрога на копно. Има бројни дроги кои од Венецуела преку море се испраќаат кон САД. „Но, ние ќе ги запреме и на копно“, рече тој во Белата куќа. Трамп остави отворено во која рамка би можеле да се одвиваат таквите операции. Сепак, тој потврди дека се одобрени акции на разузнавачката служба ЦИА во Венецуела. Трамп првично одби да потврди извештај на Њујорк Тајмс дека тој ја овластил ЦИА за тајни операции против владата на Николас Мадуро. Набргу потоа, сепак објави дека ги одобрил операциите на ЦИА во Венецуела.

Мадуро зборува за обиди за пуч

Мадуро, во меѓувреме, ги осуди обидите за пуч, наводно инсценирани од ЦИА. На прашањето дали ѝ дал овластување на ЦИА да го „елиминира“ Мадуро, Трамп одговори: „Тоа е смешно прашање за мене. Не е навистина смешно прашање, но зарем не би било смешно ако одговорев на него?“ 

Воената морнарица на САД изврши повеќе напади врз бродови за кои смета дека превезувале дрога во КарибитеФотографија: US President Donald Trump's TRUTH Social account/AFP

Трамп, исто така, изјави дека размислува за проширување на американската воена операција на Карибите. „Сега сосема јасно гледаме кон копното, бидејќи ја имаме ситуацијата на море многу добро под контрола“, рече тој. Мадуро луто реагираше на изјавите. „Не за војна на Карибите. Не за промена на режимот. Не за пучеви инсценирани од ЦИА“, рече тој пред владин комитет во Каракас.

Повеќе од 20 загинати во напади врз бродови

Во изминатите недели, американската војска повеќепати пукаше кон бродови за кои верува дека шверцуваат  дрога во Карибите. Притоа, наводно загинале повеќе од 20 луѓе. Постапката предизвика критики, делумно и затоа што владата на САД не даде информации за тоа врз која правна основа постапува.

Тоа што владата на Венецуела жестоко протестираше и Обединетите нации ги повикаа САД на воздржаност, досега го остава Трамп рамнодушен. Тој посочува дека САД се преплавени со дрога од странство и го обвинува Мадуро дека ги контролира бандите.

Венецуелскиот претседател, пак, ја осудува американската воена операција на Карибите како закана за мирот и стабилноста на регионот. Како одговор, Мадуро нареди воени вежби во најгусто населените градски квартови на земјата. Планирани се и дополнителни воени операции во сојузните држави на границата со Колумбија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми