1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Русија ја обвини Украина за напади врз Курск

ЖА
7 август 2024

Москва јави дека десетици украински војници и тешка техника навлегле во рускиот пограничен регион Курск. Русија тврди дека го одбила нападот, но има сомнежи за тврдењето.

Русија ја обвини Украина за напад врз Курск
Русија ја обвини Украина за напад врз КурскФотографија: Acting Governor of Kursk Region Alexei Smirnov/Telegram/REUTERS

Како последица од нејзината агресорска  војна против Украина,  Русија мора да се соочи и со упад на непријателските трупи во регионот Курск. Во соопштението на руското Министерство за одбрана во вторникот вечерта се зборува за „300 украински борци“ кои биле поддржани од „11 тенкови и повеќе од 20 оклопни борбени возила“.

Според Москва, станува збор за единици на 22-та механизирана бригада на  украинската армија,  кои нападнале во вторникот наутро. Руски единици биле испратени во регионот за да обезбедат засилување. Според весникот „Гардијан", украинските војници напредувале до 10 километри на руска територија, барем привремено. Сегашната ситуација во регионот е нејасна.

Медиумите, повикувајќи се на соопштение на руското Министерство за одбрана, објавија дека напаѓачите биле одбиени и вратени назад на украинска територија. Според „Гардијан", руските воени блогери во четвртокот навечер известиле дека ситуацијата во регионот и понатаму е тензична и дека сѐ уште се водат борби. На социјалните мрежи кружат и снимки од наводно уништени руски тенкови кои биле погодени на патот кон Курск. Информацијата не можеше да се потврди независно.

Киев не го коментира нападот во Курск

Киев се уште не го коментирал наводниот напад во Курск. Не може независно да се провери дали борците кои ги споменува Русија всушност биле редовни единици на украинската армија.

Регионалниот гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, исто така, на Телеграм објави за воздушни напади од Украина. Според тоа, две украински ракети биле соборени од системите за противвоздушна одбрана, а биле уништени и три украински беспилотни летала. Смирнов изјави дека во нападите загинале неколку цивили. И оваа информација не може независно да се потврди. Украина во средата наутро извести дека во текот на ноќта биле соборени 30 руски беспилотни летала. Беспилотните летала отсекогаш играле главна улога во  украинската војна -  и веројатно ќе продолжат да го прават тоа.

Како што најави украинскиот претседател Володимир Зеленски, Киев сака да го прошири производството на дронови. „Милион дронови веќе се нарачани од нашите производители оваа година“, рече Зеленски во својот вечерен видео говор. Догодина би требало да има уште повеќе. „Во моментов не ги откриваме сите детали, но нашиот капацитет за производство на дронови постојано се зголемува и работиме не само со владино финансирање, туку и со партнери за да инвестираме во нашето производство на дронови,“ истакна Зеленски.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми