1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСудан

Во судирите во Судан досега загинале околу 300 луѓе

СН/агенции
20 април 2023

Откако двете ривалски веони групи во Судан ги продолжија борбите и покрај примирјето, ситуацијата за суданското население станува сѐ подраматична. Во повеќедневните судири, според СЗО, загинале околу 300 луѓе.

Повторно пукотници, експлозии и чад во Картум
Повторно пукотници, експлозии и чад во КартумФотографија: Ahmed Satti/AA/picture alliance

Во Судан продолжуваат жестоките борби меѓу вооружените сили на земјата и паравоените трупи. Борбите во главниот град Картум продолжија во текот на целата среда, напишаа очевидци на Твитер. Доцна вечерта можеше да се слушне и артилериски оган во главниот град, јавија светските новински агенции Претходно, надежта за прекин на огнот меѓу конфликтните страни повторно беше уништена.

Воени возила на РСФ уништени во судирите во КартумФотографија: Omer Erdem/AA/picture alliance

Светската здравствена организација соопшти дека околу 300 луѓе загинаа, а повеќе од 3.000 се повредени во вооружените судири меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

„Ситуацијата во Судан е се позагрижувачка. „296 луѓе досега загинаа, а над 3.000 се повредени“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Уништен авион на меѓународниот аеродром во КартумФотографија: Maxar Technologies/AP/picture alliance

Тој изјави дека недостатокот на безбеден пристап, електрична енергија, храна, вода, персонал и намалениот медицински материјал го оневозможуваат функционирањето на многу здравствени установи во ситуации кога имаат илјадници повредени луѓе на кои им е потребна итна помош.

Тој го повтори својот повик до сите страни да го послушаат повикот за хуманитарна пауза, која, како што рече, ќе им овозможи на заробените во борбите да бараат засолниште.

„Цивилите, исто така, би можеле да имаат пристап до храна, вода и лекови, а пациентите би можеле да бараат здравствена заштита што им е потребна во паузата“, рече Гебрејесус.

Тој рече дека мирот е единственото решение.

Цивили бегаат од населбите во Картум каде се водат вооружени борбиФотографија: AFP

Жестоките борби меѓу суданската армија и РСФ продолжија во средата во близина на претседателската палата во Картум.

Додека РСФ ја обвинува армијата дека ги напаѓа нејзините сили јужно од Картум со лесно и тешко оружје, армијата тврди дека паравоените сили „шират лаги“ и ги прогласи за „бунтовничка“ група.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми