1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борел бара санкции против израелски министри

ЕМФ / дпа
29 август 2024

Првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел предлага санкции против членови на израелската влада.

Жозеп Борел, прв дипломат на ЕУ
Жозеп Борел, прв дипломат на ЕУФотографија: Nicolas Economou/NurPhoto/picture alliance

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, на владите на земјите членки на ЕУ им дал предлог за санкции против членови на израелската влада. Од казнените мерки би требало да бидат погодени министерот за финансии Бецалел Смотрич и министерот за полиција Итамар Бен-Гвир, потврдија неколку претставници на ЕУ за новинската агенција ДПА непосредно пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Според предлогот на Борел, против Смотрич и Бен-Гвир би можело да се воведат санкции за поттикнување омраза и кршење на човековите права. Со санкциите би се замрзнале нивните средства во ЕУ и би им бил забранет влез во Унијата.

И Смотрич и Бен-Гвир неодамна предизвикаа огорченост со изјавите против Палестинците. Бен-Гвир, меѓу другото, се изјасни за запирање на испораката на помош во Појасот Газа со цел да се принуди терористичката организација Хамас, која владее таму, да се предаде. Министерот за финансии Смотрич даде слични коментари. Тој ја опиша можната блокада на помошта до ослободувањето на сите израелски заложници кои ги држи Хамас како морална и оправдана, дури и ако тоа значи гладување на два милиони луѓе во Појасот Газа.

Смотрич и Бен-Гвир се десноекстремни коалициски партнери на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. И двајцата се застапници на она што највисокиот суд на ОН го смета за нелегална политика за населување во окупираните територии.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми