1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загадувањето во Скопје ќе се намалува со кар-шеринг

БГ /МИА
23 декември 2024

Министрите за енергетика и животна средина, Божиновска и Меџити сакаат да го намалат аерозагадувањето во Скопје со проект за изнајмување и споделување електрични возила.

Електрично возило
Аеро загадувањето во Скопје ќе се намалува со електрични возилаФотографија: imago/A. Prost

Загадениот воздух во Скопје ќе се намалува со проект за споделување и изнајмување електрични возила. Министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за животна средина Изет Меџити во понеделникот потпишаа писмо со намери со словенечката компанија „Авант Кар“ која треба да го реализира првиот проект за 100% електричен кар-шеринг во Скопје.

Преку овој проект, граѓаните во главниот град на Македонија ќе имаат пристап до модерен, економичен и еколошки транспорт кој е дизајниран да го намали сообраќајниот метеж, загадувањето и зависноста од фосилни горива, се наведува во заедничкото соопштение од настанот.

„Денес го поставуваме Скопје на мапата на модерните градови кои не само што зборуваат за одржливост, туку и преземаат храбри чекори кон неа. Гужвите, загадувањето и зависноста од фосилни горива не се нешта со кои треба да се помириме", изјави министерката Божиновска.

Поекономичен транспорт

Систем за споделување на автомобили со 100% електрични возила на брендот „Avant2Go“ веќе функционира во Словенија, Хрватска и Австрија.

„Целта е на овој начин директно да влијаеме и да ги намалуваме емисиите на CO2 и загадувањето, што е наш приоритет како министерство. Граѓаните ќе имаат можност за поекономичен транспорт, без компромиси за животната средина“, рече министерот за животна средина Меџити.

Реализацијата на проектот е предвидена да започне со обезбедување на јавни и приватни паркинг простори и поставување на соодветна инфраструктура за полнење во неколку скопски општини. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми