1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бранувања во коалицијата Вреди пред локалните избори

ДТЗ
1 април 2025

Демократско движење, Беса и Алтернатива имаат различен став од Арбен Таравари за настапот на локалните избори и за евентуалната соработка со ДУИ, на коалицијата Вреди

коалиција Вреди
Бранувања во коалицијата Вреди пред локалните избори Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Разијдувањата во албанскиот коалиционен владин партнер „Вреди“ се повеќе испливуваат на површина во пресрет на локалните избори во Северна Македонија. Поради различните позиции во однос на тоа дали четирите партии коишто се интегрираа во коалицијата „Вреди“, на изборите треба да настапат на една листа, или пак со посебни советнички листи, во јавноста се наметна прашањето дали министерот за здравство, Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата, прави терен да ја напушти владата. Демократско движење, Беса и Алтернатива преку објави на социјалните мрежи допопнително се дистацираа од Таравари и во однос на контактите и соработката со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Коалицијата е недоволно синхронизирана“

Таравари во изјава за медиумите во вторникот (01.04) ја повтори оценката дека коалицијата функционира недоволно синхронизирано и дека очекува тоа да се поправи. Но, тој е дециден дека не размислуваат да си заминат од Владата. Претходно тој во гостување на „360 степени“на МРТ рече декакоалицијата Вреди функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација. Таквото мислење не било само негово лично, туку го темели и на анкети спроведени пред сѐ меѓу Албанците во земјава. 

Ваквите негови ставови доаѓаат во период кога коалицијата не успева да се усогласи дали ќе настапи заеднички на локалните избори. Лидерот на дел од Алијанса за АлбанцитеАрбен Таравари најави дека е можно Алијанса сама да оди на локалните избори кои треба да се одржат наесен. Ставот на Изет Меџити, пак, беше дека Вреди на изборите ќе оди со заеднички листи за советници, за кандидати за градоначалници и со заеднички изборен штаб.

„Тешко е кога е една партија, а камоли кога се четири. Така што ни треба подобра коодинација, оти впечатокот е лош кај народот дека не делуваме како што треба. Има доверба во Владата 70 отсто, а на прашањето колку сте задоволни од ВЛЕН во Владата, е околу 30 и нешто. Мислам дека недостасува таа добра синхронизација. Се надевам дека тоа ќе се поправи во идниот период“, дообјасни денеска Таравари. 

Министерот смета дека има многу недостатоци. „Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме“, рече Таравари.

Таравари не размислува да ја напушти Владата, но вели дека коалицијата Вреди не е доволно синхронизиранаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Вкрстени копја за соработката со ДУИ

Партиите коишто се дел од коалицијата Вреди ги вкрстија копјата и околу соработката со ДУИ и нејзиниот лидер, Али Ахмети. Таравари во интервјуто за  „360 степени“ рече дека сите четири субјекти што ја сочинуваат коалицијата Влен имаат контакти со ДУИ.

На прашање дали има некакви сигнали од Мала Речица за соработка со Алијанса на локалните избори, Таравари вели: „Сигнали има, секако дека има. Не дека има само со Алијанса, ДУИ сигурно има комуникација и со другите партии од ВЛЕН. Ако во ВЛЕН не се договориме, за нас е сами да одиме на избори. На крајот на краиштата, ако излеземе со листа на советници, со кандидати за онаму каде што мислиме, ако одиме во втор круг, нормално дека би побарале поддршка. Меѓутоа, ќе видиме, сега засега оваа опција е втора опција…“

Изет Меџити, Билал Касами и Зекирија Ибрахими со објави преку социјалните мрежи се оградија од Арбен Таравари дека имаат канали за комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

„Демократското движење (ДД) нема и нема да има никаков вид соработка со корумпирана партија каде нејзините врвни функционери се ставени на црната листа на САД за корупција“, велат од партијата на Изет Меџити.

Реагираа и од Алтернатива. Велат дека немаат комуникација на ниту едно ниво и на кој било канал со Демократската унија за интеграција.

И од партијата на Касами се оградија од изјавата на Таравари.

„Ниту претседателот Билал Касами, ниту кој било друг експонент на Движењето Беса немаат комуникација со Демократската унија за интеграција“, порачаа од Беса.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми