1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБразил

Бразил: Како натаму по нападот врз демократијата?

Јан Валтер
11 јануари 2023

Два дена откако симпатизерите на екс претседателот Жаир Болсонаро го демолираа владиниот кварт во Бразилија, новиот претседател Лула да Силва добива голeма политичка поддршка.

Расчистување по упадот во владината зграда во Бразилија
Расчистување по упадот во владината зграда во БразилијаФотографија: Gustavo Basso/DW

Сигурно ќе потрае уште извесно време додека да се расчисти хаосот и уништувањето предизвикани од симпатизерите на поразениот претседател Жаир Болсонаро во неделата (8.01) во Бразилија. Дел од направените штети на Светското културно наследство во бразилската престолнина можеби се и непоправливи. На крајот на 1950-те години претседателот Јусчелино Кубичек иницираше подигање бројни градежни споменици во плански изградениот град под водство на познатиот архитект Оскар Нимајер, како симбол на федералната република.  

Демократските институции се покажуваат отпорни

За да не остане трајна штета и врз бразилската демократија, одговорноста сега е во рацете на нејзините институции и нивните претставници. А тие демонстрираат одлучност да ја бранат правната држава со сите средства.

Уште за време на нападите врз зградите околу „Плоштадот на трите столба на власта“, претседателот Лула да Силва нареди преземање мерки за безбедност од страна на федералните органи до крајот на јануари. Со овој декрет федералната влада, по исклучок и временски лимитирано, може да ја ограничи автономијата на одделни федерални држави и дистриктот на главниот град, во случај таму на пример поради безредија да е спречено функционирањето на судството. Во меѓувреме Претставничкиот дом и Сенатот со симболично гласање ја потврдија федералната интервенција. Гласови против имаше само во Сенатот, меѓу другото од синот на Болсонаро, Флавио.

Уште во неделата сојузниот судија Александре де Мораес го суспендираше гувернерот на Бразилија, Ибанес Роха, одговорен за безбедноста во сојузниот дистрикт. Во образложението Де Мораес истакна дека дивеењата биле можни во толкава димензија „само со согласност и дури и активна поддршка од полициските сили и тајните служби“. Според извештаите, полицијата извесно време не презела никаков отпор против разулавената толпа.

Симпатизерите на Болсонаро упаднаа во претседателската палатаФотографија: Eraldo Peres/AP Photo/picture alliance

Бразилските институции со одлучна поддршка на претседателот Лула

Врвовите на уставните институции – премиерот, Конгресот и Врховниот суд, потпишаа заедничко соопштение во кое нападите ги оценија како „терористички, криминални и пучистички“ и повикаа на „одбрана на мирот и демократијата.“

Аналитичарите во ова гледаат силен сигнал, посебно со оглед што претседателот на Претставничкиот дом, Артур Лира, барем досега, спаѓаше во поддржувачите на Болсонаро. Колкава и да била пак неговата улога во вандалистичките ексцеси... „Никој не се осмели да го брани Болсонаро. Денес стана ризик да си на страната на Болсонаро“, напиша бразилскиот новинар и политички советник Томас Турман во американскиот политички магазин „Американс квартерли“.

Дали по бунтот следува голема шанса за Лула?

Претседателските избори во октомври 2022 годинаБолсонаро ги загуби со само тесен резултатво вториот изборен круг. Многумина негови гласачи меѓутоа помалку беа за Болсонаро, отколку што беа против подоцнежниот изборен победник, Лула да Силва, кого поради различни корупциски скандали во неговата Работничка партија, многу луѓе во Бразил го гледаат исклучително критички.

За оваа група избирачи, сметаат многумина набљудувачи, Болсонаро во иднина не е подобен за гласање. Прво укажување во тој правец: во „Индексот на дигитална омиленост“ на консултантската фирма Кваст, поените на екс-претседателот од неделата паднаа од 100 на 21. Актуелниот претседател, смета Турман, може ова да го искористи за себе и да скова алијанси дури и до конзервативниот табор, чија намера веројатно сега ќе биде јасно да се дистанцира од „измамниците“: „Лула има единствена шанса да ја разбие радикалната опозиција и да добие легитимација низ целата земја, нешто што болсонаристите сакаа да му го оспорат.“

Организиран напад на поддржувачите на Болсонаро врз седиштето на претседателот Лула да СилваФотографија: picture alliance / ASSOCIATED PRESS

Владата и судството најавија темелна обработка

Ден по нередите, по налог на Врховниот суд се растурени протестните кампови во целата земја. Во кампот во близина на Главниот штаб на бразилските вооружени сили во Бразилија, според наводи на сојузната полиција, се уапсени и идентификувани повеќе од 1.000 осомничени следбеници на Болсонаро, на кои им се закануваат тужби поради различни деликти.

Пред суд исто така треба да бидат изведени и организаторите и финансиери на акцијата.

Деликатната улога на безбедносните сили

Обвинителството во Бразилија освен тоа поведе истрага за сомнителната улога на различни полициски единици. Во бразилските безбедносни сили, вклучувајќи ја и војската, има многу симпатизери на екс претседателот Болсонаро. Отпуштениот гувернер на Бразилија, Роха, спаѓаше исто така во нив, исто како и одговорниот за безбедност, Андерсон Торес, кој за време на владеењето на Болсонаро беше министер за правда и за внатрешна безбедност. Раководителот на сојузната интервенција го обвини Торес за саботирање на безбедноста во главниот град.

Сега најважна е решителна одбрана на демократските институции, коментира Брајан Винтер, одговорен уредник на „Америкас квартерли“, зашто за Лула е критично задржување на политичкиот баланс: „Можноста за чистење, посебно ако се испостави дека припадници на полицијата зад кулиси им помагале на напаѓачите, може да ја дестабилизира бразилската политика во идните месеци“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми