1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК препорача почеток на преговори со Украина и Молдавија

БГ /АФП
7 јуни 2024

Европската комисијата им соопшти на амбасадорите на ЕУ дека Украина и Молдавија ги исполниле условите за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

ЕУ Украина Молдавија
ЕУ препорачува почеток на пристапните преговори со Украина и МолдавијаФотографија: Andre M. Chang/ZUMAPRESS/picture alliance

„Сметаме дека двете земји ги исполнија сите услови“, изјави портпаролка на Европската комисија во петокот во Брисел. „Сега одлуката е во рацете на земјите-членки“, дополни таа. 

Притисокот сега е врз земјите-членки да го одобрат формалниот почеток на преговорите на самитот на 25 јуни, откако во декември минатата година беше донесена првичната одлука да им се даде кандидатски статус. 

Но, одбивањето на Унгарија, земја која е најпријателски расположена кон Русија во ЕУ, засега се заканува да ја одложи одлуката за која е потребна едногласност меѓу земјите-членки.

Европската комисија им зададе серија задачи на Украина и Молдавија кои требаше да бидат завршени пред почетокот на преговорите. Од ЕК тврдат дека двете земји ги реализирале барањата, меѓудругото, да го намалат влијанието на олигарсите и да ги обезбедат правата на етничките малцинства. 

Зошто е Унгарија против  

Прашањето на малцинските права беше главната точка на која Будимпешта досега го блокираше приближувањето на Украина, жалејќи се на третманот на унгарската заедница во земјата. Но, и покрај тоа што Брисел тврди дека и тој услов е исполнет, тоа не значи дека Унгарија ќе даде зелено светло. 

Притисокот од времето е дотолку поголем поради фактот што Унгарија го презема претседавањето со ЕУ во јули, и стравувањата во Брисел се дека целосно ќе го блокира процесот.

Украина и Молдавија аплицираа за членство кусо по руската агресија во февруари 2022 година. Почетокот на преговорите е само прв чекор на долгиот пат кон полноправно членство. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми