1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка

БГ /АП
20 октомври 2022

Неполни шест недели откако стапи на функцијата во матичната партија и владата, Лиз Трус во четвртокот ја најави својата оставка. Во кусото владеење таа ја втурна Британија во тешка финансиска криза.

Лиз Трус
Британската премиерка Лиз ТрусФотографија: Alberto Pezzali/AP Photo/picture alliance

Британската премиерка Лиз Трас беше принудена да се повлече од функцијата поради бурните шест недели во кои нејзините политики предизвикаа бура на финансиските пазари, а бунт во нејзината партија и го збриша авторитетот.

Во обраќање до јавноста таа рече „Не можам да го исполнам мандатот за кој бев избрана од Конзервативната партија“.
„Разговарав со Кралот да го известам дека поднесувам оставка како лидер на Конзервативната партија“.

Само еден претходно, Трус порача дека ќе остане на власт, објаснувајќи дека таа е „борец а не откажувач“.

Но, во четвртокот Трас поднесе оставка откако беше принудена да се откаже од својата економска политика и ја загуби контролата врз матичната Конзервативна партија. 

Најавено е дека изборот на наследник на Трас во најголемата британска партија ќе биде организиран веќе следната недела. 

Незаводолство кај конзервативците  

Поголем број пратеници од нејзината партија бараа Трас да си поднесе оставка откако нејзиниот економски план предизвика бура во земјата. Владиниот план кој беше објавен минатиот месец предизвика финансиски превирања и политичка криза во која настрада министерот за финансии, а самиот план беше менуван во повеќе наврати.

Кризата се продлабочи откако во средата Трас во парламентот предложи да продолжи практиката на „фрекинг“ на гас- потег што ги разлути пратениците од нејзината партија кои беа против. 

Анкетите покажуваат големо водство на Лабуристичката партија, па многу конзервативци веруваат дека единствениот начин да се избегне изборен пораз е да се смени Трас. Пред само неколку месеци Трас го порази Риши Сунак во битката за лидерство во Конзервативната партија, и потоа застана на чело на владата.

Редовните парламентарни избори во Велика Британија треба да се одржат во 2024 година, а според интерните правила на конзервативците, Трас не може да се соочи со смена на партиското кормило уште една година. Но, тие правила може да се сменат доколку доволен број пратеници го побараат тоа. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми