1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Британски извештај: Русија користи стари ракети во Украина

ЕМФ / дпа
26 ноември 2022

Русија во Украина користи стари ракети, кои се всушност наменети за носење нуклеарни боеви глави, проценуваат британските тајни служби.

Интерконтинентална балистичка ракета лансирана од нуклеарна подморница на руската морнарица (архивска фотографија)
Интерконтинентална балистичка ракета лансирана од нуклеарна подморница на руската морнарица (архивска фотографија)Фотографија: Russian Defense Ministry Press Service/AP Photo/picture alliance

Во извештај на британското Министерство за одбрана, објавен денеска (26.11), се вели дека Русија во Украина, според проценки на тајните служби, користи стари ракети, кои всушност се наменети за носење нуклеарни боеви глави. На јавно достапни снимки се препознаваат остатоци од испалена ракета која потекнува од 1980-тите и која е развиена како нуклеарен носечки систем, стои во извештајот. Сега ракетите носачи се испалуваат без боеви глави, стои натаму во документот. Иако ракетите сега предизвикуваат штета, не е веројатно дека Москва со тоа постигнува сериозен успех, се вели до Лондон.

Кремљ, според проценките во Велика Британија, со употребата на овие ракети веројатно се надева дека ќе го сврти вниманието на украинската противвоздушна одбрана. Според оценките од Лондон, тоа е доказ колку е исцрпен рускиот арсенал на ракети со долг дострел.

Британското Министерство за одбрана од почетокот на руската инвазија на Украина секојдневно објавува информации за текот на војната, притоа повикувајќи се на информации од тајните служби. Со тоа британската влада сака да му се спротивстави на руското прикажување на работите, како и да ги држи сојузниците заедно. Москва го обвинува Лондон за дезинформирање.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми