1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија: Договор за влада со ротирачки премиер

ЕМФ | агенции
22 мај 2023

Лидерите на двете најголеми ривалски политички партии во Бугарија постигнаа договор за формирање коалициска влада, со ротирачки премиер. Со тоа би требало да се стави крај на долгиот политички ќорсокак во земјата.

Марија Габриел Николај Денков
Марија Габриел и Николај Денков треба да ротираат на премиерската функција во БугаријаФотографија: BGNES

По двегодишен политички ќорсокак во Бугарија, конзервативната партија ГЕРБ и либералната реформска партија „Продолжуваме со промените“ (ПП) денеска (22.05) постигнаа договор за формирање коалициска влада со ротирачки премиер.

„Сите направивме големи отстапки“, изјави поранешната еврокомесарка Марија Габриел, која е предложена за премиер од страна на партијата ГЕРБ. Меѓутоа, 44-годишната Габриел прво ќе биде вицепремиерка во владата која ќе ја предводи 60-годишниот научник Николај Денков, номиниран од партијата ПП. По девет месеци двајцата треба да ги променат местата. „Баравме решение за да избегнеме реална опасност од нови избори“, изјави Денков.

Најсиромашната земја во Европската унија веќе две години е во политичка криза. Неколку избори резултираа со поделени парламенти, при што ниту една партија не можеше да формира функционална влада.На петтите по ред избори во рок од две години, одржани на втори април, победник беа конзервативците. Но, Габриел не успеа да добие поддршка од две помали партии за да формира влада што би ја предводела таа.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми