1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ГЕРБ-СДС победи на изборите во Бугарија

СН/агенции
28 октомври 2024

Бугарите по седми пат во четири години гласаа за избор на нов парламентарен состав. Но прогнозите за исходот и на овие избори не навестуваат дека земјата конечно ќе добие стабилна влада.

Седмо гласање на парламентарни избори во Бугарија во последните четири години
Седмо гласање на парламентарни избори во Бугарија во последните четири годиниФотографија: NIKOLAY DOYCHINOV/AFP

Според прогнозите, прозападната коалиција на десниот центар ГЕРБ-СДС повторно стана најсилната сила по вчерашните парламентарни избори во Бугарија. Според анкетите на Галуп интернешнал Балкан и Алфа рисрч, Герб-СДС добила меѓу 25,1 и 26,4 отсто од гласовите. Реформски ориентираната колиција ПП-ДБ (Продолжуваме со промените-Демократска бугарија),  се најде на второ место со освоени меѓу 14,9 и 15,4 отсто од гласовите. Ова приближно одговара на бројките кои ги покажаа анкетите пред изборите. На трето место е националистичката и проруска партија Преродба со резултат меѓу 12,9 и 13,8 отсто.

Борисов: Дефинитивна победа

Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме дека ќе формираме влада, изјави синоќа лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на прес-конференција во седиштето на партијата.

„Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги и на сите Бугари кои го зголемија одѕивот на гласачите. Со ваква излезност на гласачите можеме да зборуваме за застапеност во бугарскиот парламент“, рече Борисов, пренесува бугарската агенција БТА.

Прогласи победа: Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко БорисовФотографија: BGNES

Тој посочи дека програмата на неговата коалиција е основа за секоја идна влада.

„Можеме да прифатиме многу компромиси, но нема да го замениме гласот на народот. Нашата програма ќе биде основна за сите кои сакаат да влезат во владата...“, рече лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија.

Бугарија ја управува привремена влада

Бугарија избра нов парламент по седми пат за помалку од четири години на изборите учествуваа 19 партии и сојузи. Двата ривалски прозападни табора, Герб-СДС и ПП-ДБ, владееја заедно до пролет - но помалку од една година. Поради разликите во мислењата за реформскиот курс и борбата против корупцијата, нивната коалиција се распадна. Бугарите, кои веќе беа уморни од избори, избраа ново Народно собрание на 9 јуни, но формирањето влада не успеа поради тешкотиите да се обезбеди парламентарно мнозинство за поддршка на владата. Назначена е привремена влада која ќе остане на функција сѐ додека не се формира редовна влада.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми