1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Софија бара солидарност од ЕУ за тензиите со Скопје

ДТЗ
24 јануари 2023

Министерот за надворешни работи, Николај Милков не реферираше за инцидентот во Охрид. Но, се поголем е притисокот врз Софија да бара поддршка од ЕУ институциите и да наметне ново вето кон Северна Македонија.

Софија Бугарија
Во парламентот во Софија денеска не се дискутираше за односите со Северна МакедонијаФотографија: BGNES

Бугарските пратеници, иако беше најавено, денеска не дебатираа за односите со Северна Македонија.Министерот  за надворешни работи, Николај Милков, кој требаше да информира за случајот, поради обврски не дојде во Народното собрание во Софија. Но, тоа не ја попречи дебатата која што се води во Бугарија по последниот инцидент во Охрид, кога беше нападнат секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“, а се погласни се и заканите коишто доаѓаат од земјата дека нарушените односи меѓу двете земји би можеле да ескалираат до степен на воведување ново вето на патот кон ЕУ. 

Ваквата можност засега ја отфрла бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, кој учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. На средбата, како што јавува БНТ, Бугарија побарала од земјите на ЕУ да изразат солидарност со Софија во врска со тензиите со Северна Македонија и притисокот врз бугарската заедница таму.

Но, со него не се согласува лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов кој пред бугарските новинари порача дека на Република Северна Македонија треба да и се стави вето за влез во ЕУ. „Македонија отсекогаш покажувала дека кога тргнува на линија на конфронтација со Бугарија, подготвена е да оди до крај. Голема дилема е до каде ќе оди нашата земја“, вели тој во изјава која што ја пренесува агенцијата „Фокус“. 

Костадин Костадинов пред бугарските новинари порача дека на Република Северна Македонија треба да и се стави вето за влез во ЕУ.Фотографија: Visar Kryeziu/AP/dpa/picture alliance

На прашањето дали неговата партија ќе оди на прославата на роденденот на Гоце Делчев, Костадинов вели: „Кога имавме време одевме, но сега чекаме распуштање на парламентот. Ако имаме време ќе одиме. Ние никогаш не ги планираме нашите настани во Македонија во зависност од странски фактори. Никогаш не ги правиме за да налутиме некого или да му угодиме“.

Костадинов е дециден дека Бугарија мора да ги штити сопствените интереси и бара свикување на состанок на Советот на министри за надворешни работи на НАТО. Според него, некој се обидува да ги внесе Бугарија и Македонија во руско-украинското сценарио. 

Омраза или криминал? 

Итна реакција на Бугарија по случувањата во Охрид бара и заменик-претседателот на БСП, Кристијан Вигенин. Тој на брифинг во бугарскиот парламентот истакнал дека случајот со Христијан Пендиков не е криминален. „Мотивацијата за ова злосторство се крие зад систематското всадување омраза кон Бугарија и кон македонските граѓани со бугарски идентитет“, вели Вигенин. 

Социјалистите остро го осудуваат овој случај и бараат властите да заземат поактивен пристап во однос на Северна Македонија. Според Вигенин, настаните од последните неколку дена во односите меѓу двете земји ја потврдија исправноста на ставот на БСП да не го поддржи укинувањето на ветото за членство на Скопје во ЕУ. 

случајот со Христијан Пендиков не е криминален, вели Кристијан ВигенинФотографија: BGNES

БСП бара за овој случај да биде информирана и ОБСЕ, со која што претседава Северна Македонија. „Реакцијата мора да биде на највисоко ниво - министер за внатрешни работи, премиер, претседател. Овој случај не треба да се занемари“, инсистира Вигенин. 

Реакции по изјавата на Пендаровски 

До ваквото заострување од односите дојде по инцидентот во Охрид, но и најавата на македонскиот претседателСтево Пендаровски, кој по седницата на Советот за безбедност (23.01) соопшти дека ќе ѝ предложи на Владата да им забрани влез во државата на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица - државјани на Бугарија, поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против државата. 

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски преку социјалните мрежи му одговори на претседателот Стево Пендаровски. Забраната, вели тој, нема да ја избрише вистината дека Македонија била и е бугарска. 

„Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа. За тоа заслугата е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината!“, пишува Џамбаски во објавата на Фејсбук. 

Тој претходно објави видео од подкаст на коешто порача дека „за ваква Македонија нема место во ЕУ“. 

Одлуката за донесување листа на непожелни бугарски државјани треба да ја донесе Владата, односно Министерството за надворешни работи. Ваквиот чекор се презема во пресрет на најавите дека организирана група од Бугарија на 4 февруари ќе дојде во земјата за да присуствува на одбележувањето на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми