1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија: Четврти избори за година и половина

СН/агенции
1 август 2022

Наесен во Бугарија ќе се одржат нови избори по четврти пат за година и половина. Претседателот Румен Радев го распушти парламентот и ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Последните парламентарни избори во Бугарија, исто така беа предвремени и се одржаа на 14 ноември 2021 година
Последните парламентарни избори во Бугарија, исто така беа предвремени и се одржаа на 14 ноември 2021 годинаФотографија: Giannis Papanikos/AP/picture alliance

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на 2 октомври закажа парламентарни избори,  откако во јуни се распадна коалициската реформска влада на премиерот Кирил Петков.

Колапсот на реформистичката коалиција во јуни го отвори патот за нови избори, четврти од април 2021 година.

Аналитичарите прогнозираат дека во новиот легислативен период ќе продолжи да има силно фрагментиран партиски пејзаж со поголемо влијание на проруските партии и на националистичките партии. Ова би можело да го отежне формирањето влада.

Претседателот Радев со втор указ го распушти Народното собрание и го одреди датумот за вонредни парламентарни избори на 2 октомври.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги закажа изборите за 2 октомвриФотографија: Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images

Тој на чело на привремената влада го постави поранешниот министер за труд Галаб Донев.

Се очекува дека новата влада ќе се обиде да ги ублажи стравовите поради проблемите со снабдување на гориво, и оти ќе го преиспита ставот на земјата за увоз на руски приироден гас.

Русија во април запре да ѝ испраќа на Бугарија гас, откако претставниците на земјата го одбија барањето на Москва да се плаќа за гасот во рубљи.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми