1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија нуди мазут, Македонија вели нема потреба

24 декември 2025

Македонија засега не ја прифаќа понудата од Бугарија за снабдување со мазут, иако е прогласена кризна состојба во енергетиката.

Производството на електрична енергија се менува – нашите електрични мрежи се застарени. Што може да се направи за да се постигне енергетска транзиција? 29.01.2024
Македонија засега не планира да ја прифати понудената помош од Бугарија за снабдување со мазутФотографија: Artgrid

Македонија засега не планира да ја прифати понудената помош од Бугарија за снабдување со мазут, иако беше воведена седумдневна кризна состојба во енергетиката. Од Владата за „Дојче Веле“ велат дека државата во моментов не се наоѓа во ситуација во која има потреба од ваков тип на помош.

Владата уверува: Нема потреба од надворешна помош

„Државата не е во фаза на чекање помош од надвор, туку со сите свои расположливи капацитети е во можност да ја одржува состојбата стабилна на полето на енергетиката“, додаваат од Владата.

Владата уверува: Нема потреба од надворешна помошФотографија: Petr Stojanovski/DW

На 138. седница, Владата донесе одлука задолжителните резерви на нафтен дериват да се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на мазут има обврска да доставува извештај до Владата и Министерството за финансии.

По одлуката за кризна состојба, од Бугарија пристигна веста дека и понудиле на Македонија да ја снабдуваат со мазут, со цел да се надмине кризата во снабдување со електрична енергија.

Бугарија нуди итни залихи мазут за Македонија

Според бугарските медиуми, по наредба на премиерот во оставка Росен Жељазков, министерот за енергетика Жечо Станков извршил проверка на залихите на мазут во земјата. Утврдено е дека Бугарија има доволни количини за сопствените потреби и може да понуди итни залихи на Македонија.

„Врз основа на утврдените доволни количини, бугарската влада ѝ понуди на Република Северна Македонија итни залихи на котелско гориво (мазут) со цел да ѝ помогне на земјата во условите на вонредната состојба“, пренесува БНТ.

Предлогот бил даден за време на телефонски разговор меѓу бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев и македонскиот колега Тимчо Муцунски.  За време на разговорот било нагласено дека обезбедувањето помош е израз на добрососедство и солидарност, со цел да се обезбеди енергетска безбедност и стабилност во регионот.

Одлуката за кризна состојба доаѓа по барање на ЕСМ, поради блокадите на грчките земјоделци кои ја отежнуваат доставата на енергенси за производство на електрична енергија.

Опозициските партии жестоко реагираа на одлуката за прогласување кризна состојба.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми