1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарската влада поднесе оставка

БГ /АФП
11 декември 2025

По нецели 12 месеци падна владата на Росен Жељазков во Бугарија. Премиерот денеска поднесе оставка по масовните протести против корупцијата во земјата.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков си поднесе оставка. фото: октомври 2022
Бугарскиот премиер Росен Жељазков си поднесе оставка Фотографија: BGNES

Владата на премиерот Росен Жељазков си поднесе оставка по повеќенеделните протести во земјата. Десетици илјади граѓани протестираа против корупцијата и непотизмот во земјата-членка на ЕУ, а повод за незадоволството беше владиниот буџет за следната 2026 година.

Опозицијата поднесе интерпелација за работата на владата за која требаше да се гласа денеска во парламентот, но премиерот Жељазков ја најави оставката пред гласањето.

„Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Сепак, за нас, одлуките на Народното собрание имаат смисла кога ја изразуваат волјата на суверенот... Власта произлегува од суверенот. Како што постојано наведуваме, го слушаме гласот на граѓаните кои протестираат против владата... Нивните барања се оставка на владата“, рече Жељазков.

Бугарија од 1 јануари следната година ја очекува и влез во еврозоната, а новиот буџет за првпат беше претставен во евра. Дел од граѓаните, некои опозициски партии, како и претседателот на државата Румен Радев се противат на воведувањето на еврото и бараа референдумско изјаснување, што беше одбиено од мнозинството.

По седум избори во изминатите, нешто повеќе, од четири години, Бугарија конечно доби влада на почетокот на годинава составена од коалиција на прозападни, проруски и популистички партии.

Прозападниот сојуз од десниот центар ГЕРБ-СДС кој освои најголем број гласови на изборите, склучи сојуз со проруските социјалисти (БСП-ОЛ) и популистите од Има таков народ (ИТН). Дополнително, малццинската влада доби клучни гласови во парламентот од партијата на Турците, ДПС.

Неизвесно е дали по оставката на владата на Жељазков ќе бидат организирани нови предвремени избори, или ќе се прави нов обид за формирање мнозинство во парламентот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми