1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ИсторијаАлбанија

Бункерски хроники

01:47

This browser does not support the video element.

Абдулах Хоџиќ | Денис Тахири
2 октомври 2023

Титовиот бункер и Бунк'арт 1: Од воени засолништа до историски центри!

Во Албанија се изградени илјадници бункери, од кои некои штитат и од нуклеарни напади. И во Босна и Херцеговина,на територијата на поранешна Југославија,Титовиот бункер е познат како засолниште од нуклеарен напад.

Во близина на планината Дајти, во Албанија, бил изграден антинуклеарен бункер, кој можел да го заштити тогашното раководство од нуклеарна експлозија. Во случај на нуклеарен напад, Тито и неговите 350 најблиски луѓе можеле да поминат шест месеци во бункерот кај Коњиц. Коњиц е избран за локација на бункерот поради близината на фабриката за муниција и реката Неретва. Исто така, локацијата е во центарот на Југославија, така што не било далеку да се стигне од двете страни.

Сала за конференции во Титовиот бункер кај КоњицФотографија: DW

И двата бункера имаат сличности. Изградени се во внатрешноста на планината, каде што, меѓу другото, има: просторија за парламентот, тоалет, кујна, соби за тогашните водачи. 

Кога станува збор за разликите, бункерот во Коњиц зафаќа површина од 6.584 м2 и е во форма на потковица на која се поврзани 12 блокови според одредени функции.
  

Бункерот Бунк'арт во АлбанијаФотографија: Arben Muka

Од друга страна, бункерот во Тирана е изграден на пет ката, има кино и вкупно 106 соби.

Со текот на годините, двата бункера се претворени во музеи, каде што луѓето можат да видат каков бил животот порано.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми