1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Бура од историски размери: Тројца загинати во Калифорнија

СН/агенции
6 февруари 2024

Одрони, паднати дрвја, поплави - американската сојузна држава Калифорнија ја зафати силно невреме. На некои места, во два дена заврна толку многу дожд колку што вообичаено заврнува во месеци. Најмалку три лица загинаа.

Историски поројни врнежи во метрополата Лос Анџелес
Историски поројни врнежи во метрополата Лос АнџелесФотографија: Robyn Beck/AFP/Getty Images

Ова, според американската метеоролошка служба, беше бура од историски размери. Во Калифорнија немало толку многу дожд  во период од два дена во последните 150 години. Невремето предизвика поројни поплави и одрони. Откорнати се дрвја, оштетени куќи, и уништени се автомобили. Властите известуваат за најмалку три смртни случаи. Околу 710.000 луѓе останаа без струја во понеделникот вечерта.

Гувернерот на државата, Гевин Њусом, веќе во неделата предупреди на „силно невреме со опасни и потенцијално опасни последици“ и прогласи вонредна состојба во неколку окрузи. Предупредувањето од поплави беше во сила речиси во цела Јужна Калифорнија. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, ги повика жителите на милионскиот град да излегуваат од домовите само во итни случаи.

Одроните од кал предизвикаа големи штети на куќи и возилаФотографија: Mario Tama/Getty Images

Смрт од паднати дрвја

Во близина на Сакраменто, еден човек бил погоден од дрво кое паднало во неговиот двор, а подоцна починал од повредите, соопшти Одделот за судска медицина во округот Сакраменто. Во два други случаи, две лица се смртно повредени од паѓање на дрвја во северна Калифорнија, објавија американските медиуми. Националната метеоролошка служба на САД говореше за „најсилната бура во сезоната“ со ризик од „опасни поплави и обилни снежни врнежи, налети на ветер и крајбрежни поплави“. Во регионот на Лос Анџелес заврнале меѓу 12,7 и 25,4 сантиметри дожд. Се наведува дека неделата и понеделникот биле меѓу највлажен дводневен период од 1877 година наваму. 

„Ананас Експрес“

Причина за обилните врнежи е временскиот феномен наречен „атмосферска река“. Националната метеоролошка служба во Лас Вегас соопшти дека станува збор за „концентриран канал на влага со потекло од суптропските предели, кој носи влага и обилни врнежи во средните географски широчини“.

Бидејќи влажните воздушни маси кои главно ја погодуваат Калифорнија доаѓаат од тропските поморски региони во Пацификот околу Хаваите, тие се познати и како „Ананас експрес“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми