1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Чавез-Деремер ја напушта администрацијата на Трамп

ЖА / агенции
21 април 2026

Министерката за труд на САД, Лори Чавез-Деремер, поднесе оставка од администрацијата на Доналд Трамп, станувајќи трета министерка што заминува за помалку од седум недели.

Министерката за труд на Соединетите Американски Држави, Лори Чавез-Деремер
Чавез-Деремер во изминатите месеци беше под сериозен притисок поради повеќе истрагиФотографија: Anna Moneymaker/Getty Images/AFP

Министерката за труд на Соединетите Американски Држави, Лори Чавез-Деремер, ја напушта владата на претседателот Доналд Трамп. Од Белата куќа соопштија дека таа ќе преземе функција во приватниот сектор, додека нејзиниот заменик, Кит Сондерлинг, привремено ќе ја извршува функцијата министер.

Чавез-Деремер во изминатите месеци беше под сериозен притисок поради повеќе истраги. Според информации на американските медиуми, меѓу кои и „Вашингтон пост“, се истражува можно прекршување при користење буџетски средства, како и обвинувања за несоодветно однесување за време на извршувањето на функцијата. Надзорни институции, исто така, разгледувале поплаки за проблематична работна атмосфера во Министерството за труд.

Според извештаи на „Њујорк тајмс“ и „Њујорк пост“,  три вработени жени пријавиле „непријателско работно опкружување“, вклучувајќи и наводни одмазднички мерки. Дополнително, сопругот на Чавез-Деремер, според медиумски наводи, бил отстранет од објектите на министерството откако биле изнесени обвинувања за сексуално недолично однесување кон вработени. Сите овие обвинувања Чавез-Деремер ги негираше.

Профил и политички контекст

Чавез-Деремер беше именувана за министерка за труд на  САД во март 2025 година, а претходно беше конгресменка од сојузната држава Орегон. Нејзината номинација во тоа време беше оценета како нетипична, бидејќи таа, за разлика од поголемиот дел од Републиканската партија, застапуваше релативно про-синдикални и работнички политики.

Оставката на Чавез-Деремер доаѓа во серија кадровски промени во администрацијата на Трамп. На почетокот на март, претседателот ја разреши  контроверзната државна секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.  На почетокот на април,  функцијата ја напушти и јавната обвинителка Пам Бонди,  откако беше критикувана поради аферата „Епстин“.

Со заминувањето на Чавез-Деремер, таа станува трет министер кој ја напуштил американската влада за помалку од седум недели – при што сите заминувања се однесуваат на жени членки на кабинетот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми