1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Никој не сака да го плати цехот за загадувањето

ДТЗ
13 декември 2022

Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните ресурси, укажуваат ревизорите

отпад депонија
Општините немаат еднаков пристап при пресметката на надоместокот за услугите за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпадФотографија: DW/S. Toevski

Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните ресурси. Не се почитува принципот „загадувачот плаќа“ при утврдување на висината на надоместоците. Надлежните субјекти не го пресметуваат варијабилниот дел на надоместокот за испуштање на води, утврдени се фиксни износи на надоместоците за управување со отпад, надоместоците за поседување на интегрирана еколошка дозвола не се движат во законски определените рамки по емисиони точки, а општините немаат еднаков пристап при пресметка на надоместокот за услугите за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад. Ова се само дел од забелешките на Државниот завод за ревизија во однос на даноците за животна средина, кои треба да се функција на ефективно спроведување на политиките за заштита на животната средина.

Ревизорите утврдиле недостасува единствен информациски систем кој ќе ги содржи информациите и податоците од сите институции вклучени во процесот на пресметка и наплата на надоместоците, редовна институционална комуникација и координација за размена на податоците, а Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) нема законска надлежност да ги казни оние кои не го платиле надоместокот. 

Загуби поради неиздадени решенија 

Од вкупните даноци за животна средина, со ревизијата се опфатени: даноците за загадување и даноците за искористување на ресурси, како и дел од транспортните даноци за животна средина, кои во ревизијата од 2019 до 2021 година изнесуваат 838.142 денари. „За периодот од 2020 година во Буџетот не се остварени приходи по основ на надоместоци за користење и испуштање на води во износ од 101.616 денари, за што се склучени спогодби, а процентот на неприходувана вода на ниво на држава од 60,46% е значајно повисок од земјите на ЕУ (30%)“, соопштува ДЗР.

Поради неиздадени или ненавремено издадени решенија за плаќање на надоместокот за поседување на А-интегрирана дозвола, до 31.12.2021 година, остварени биле помалку приходи и во буџетот на Министерството за животна средина,  односно ненаплатени биле побарувања од 9.453 денари, а отпишани 30.273 денари.

Според ревизорите, само 37 отсто од општините остваруваат приходи по основ на надоместоци за управување со комунален отпад, средства кои треба да бидат искористени за реализирање на регионалните планови и цели за управување со оваа област.

„Средствата од буџетот на МЖСПП не се доволни за финансирање на активностите во областа воздух и заштита на природата, а на локално ниво, планираните средства за заштита на животната средина не обезбедуваат реализација на планските документи и спроведување на активности во приоритетните зони и агломерации“, посочуваат од ДЗР.

Поради отсуство на интегриран пристап во начинот на распределба и користење на надоместоците за животна средина, според податоците од Државен завод за статистика, инвестициите и трошоците за заштита на животната средина учествуваат незначително во БДП со 0,6 отсто за 2020 година. 

Пливање низ отпад

01:42

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми