1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цел регион трага по исчезнатата Вања

ДТЗ
30 ноември 2023

Интерпол и специјален тим на МВР трагаат по исчезнатото девојче. Повици на седум јазици кружат низ регионот во обид да се пронајде 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Вања Ѓорчевска
Повици на седум јазици кружат низ регионот во обид да се пронајде 14-годишната Вања Ѓорчевска. Фотографија: Nordmazedonien Innenministerium

Повици на седум јазици кружат низ регионот во обид да се пронаде трагата на 14-годишната Вања Ѓорчевска,која што исчезна во понеделникот (27.11) на пат кон училиште во скопско Дебар маало. Медиумите во соседните земји го објавуваат сведочењето на мајката на исчезнатото девојче, нејзината фотографија и телефонски броеви на коишто може да се пријавија секоја информација која што би можела да помогне во истрагата.

Покрај медиумите и невладините организции во Србија и Хрватска, и грчката невладина организација „Насмевката на детето“, чија главна цел е заштита на децата и нивните права, на официјалниот Фејсбук профил објави пост за исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска. „Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а меѓу активностите е и Амбер Алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош. 

Формиран специјален тим 

Македонската полиција веќе четири дена трага по исчезнатото девојче, а во истрагата се вклучи и Интерпол. Формиран е специјален тим кој работи на овој случај. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за МИА рече дека тимот е предводен од началникот на СВР во Скопје. Поради бројните дезинформации коишто се споделуваат на социјалните мрежи, МВР апелираше на воздржаност и да не се подгрева атмосферата. За дел од профилите, од коишто се шират информации за застрашување на јавноста, е утврдено дека се лажни. 

„Извршени се низа на активности, проверки и земање на изјави, разговор со семејството, се со цел да дојдеме до некаква првична информација. Секако дека сите мерки и активности што се потребни ќе ги преземеме се со цел да дојдеме до информација за да може да биде пронајдено девојчето. Апелирам до граѓаните навистина да ги добиваат информациите од МВР и на тој начин најмногу ќе се помогне да ја постигнеме целта. Да не изнесуваме шпекулации во јавноста кои дополнително може да ја подгреваат атмосферата“, порача деновиве министерот Спасовски. 

МВР формираше специјален тим кој работи на овој случај. Фотографија: Regierung Nordmazedoniens

И Македонија ќе добие „Амбер алерт“ 

Профилот на исчезнатото девојче е објавен и на страницата „Најди ме“, која што би требала да помогне во пронаоѓањето на исчезнатите лица, по примерот на Амбер алерт - систем кој веќе постои во многу земји. Ваков систем до крајот на месецот треба да добие и Северна Македонија. 

Преку системот за рано предупредување за исчезнати деца - „Најди ме“ (najdime.org.mk) граѓаните ќе можат да поднесат пријава и да помогнат во пронаоѓањето на исчезнатите лица, но под услов за тоа веќе да е алармирана и полицијата. Вакви системи има во Европа и во САД, а веќе и во регионот. 

Станува збор за механизам со кој преку СМС, објави на телевизија, известувања на аеродроми, хотели, гранични премини се даваат податоци на исчезнати деца за нивно брзо пронаоѓање.

Според податоците од МВР, од јануари.2020 година до сега, пријавени се за исчезнати 74 малолетни лица, а пронајдени се 65 од нив. Активни се потрагите по 6 деца, на возраст до 14 години. Станува збор за две деца од Скопје, и по едно од Штип, Куманово,Прилеп и Гевгелија. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми