1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГрција

Цела Грција парализирана од штрајкови

ЖА
20 ноември 2024

Засегнати се автобусите и возовите, училиштата и болниците, јавните служби и банките- со барање за повисоки плати, грчките синдикати упатија повик за штрајк и демонстрации.

Грција парализирана од штрајкови - протести на вработените
Грција парализирана од штрајкови - протести и на вработените во АтинаФотографија: Thanassis Stavrakis/AP Photo/picture alliance

Од полноќ, во Грција сѐ мирува – илјадници луѓе ја прекинаа својата работа, одѕивајќи се на повикот на сојузот на грчките синдикати за  24-часовен штрајк. Тие ја критикуваат економската политика на владата и бараат поефикасни решенија против инфлацијата, стагнирачките плати и подобрување во социјалните примања. Во пладневните часови во сите грчки поголеми градови се планирани демонстрации. За граѓаните тоа значи дека во временскиот шпиц ќе штрајкуваат и метрото, автобусите и возовите, но потоа ќе работат за да ги превезат луѓето на демонстрации. Целосно затворени се училиштата и детските градинки, исто како и јавните служби. Во државните болници функционираат само службите за итна медицинска помош. Но јавниот живот сепак не е комплетно парализиран, отворени се супермаркетите, киосците и кафулињата, најголем дел од приватниците, меѓу кои и такси возачите продолжуваат да ја вршат својата работа сосема нормално. 

Поради масивните поскапувања од изминатите години, синдикатите  во Грција  бараат повисоки плати. Претставниците на јавната администрација истакнаа барања за итно зголемување на платите за 10 проценти, како и повторно воведување на 13 и 14 плата.

Синдикатите на работодавачите бараат „суштински мерки кои ќе им овозможат на  работниците да живеат пристоен живот“.

Цените на храната, а и кириите експлодираа, додека платите стагнираат, критикуваат синдикатите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми