1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Небесен спектакл за милиони луѓе

СН/агенции
9 април 2024

Затворени училишта, целосно резервирани хотели: милиони луѓе во САД, Мексико Канада му се восхитуваа на целосното затемнување на сонцето.

Целосно затемнување на сонцето видено од Мезатлан Мексико на 8 април 2024
Целосно затемнување на сонцето видено од Мезатлан Мексико на 8 април 2024Фотографија: Henry Romero/REUTERS

Милиони луѓе низ Северна Америка беа сведоци на целосно затемнување на сонцето во понеделникот (8 април, 2024), при што месечината целосно го блокираше сонцето неколку минути. Областа од која можеше да се види тоталното помрачување на сонцето беше широка околу 185 километри и ги вклучуваше големите американски градови Далас, Индијанаполис и Бафало.

Луѓе во Мезатлан Мексико се обидуваат со мобилните телефони да ги снимат реткиот природен феноменФотографија: Fernando Llano/AP Photo/picture alliance

За време на целосното затемнување на сонцето, месечината се движи директно пред сонцето и целосно го покрива. При настанатиот самрак, кој овојпат траеше до четири минути и 28 секунди, беше видлива само надворешната атмосфера на сонцето, таканаречена корона.

Делумно затемнување на сонцето над статуата на слободата во ЊујоркФотографија: Yuki Iwamura/AP Photo/picture alliance

Во други области можеше да се забележи барем делумно затемнување на сонцето - доколку немало облаци. Природниот спектакл започна на пацифичкиот брег на Мексико и се движеше кон Тексас и 14 други американски држави пред да стигне по околу 6.500 километри до Северниот Атлантик во близина на Њуфаундленд, Канада.

Луѓе собрани во паркот Жан Драпо во канадскиот град Монтреал восхитено го напљудуваат моментот на целосно помрачување на сонцето.Фотографија: Ryan Remiorz/The Canadian Press/AP Photo/picture alliance

Во овој коридор живеат околу 44 милиони луѓе кои чекаа да бидат потонати во темнина во националните паркови, на покривите, на стадионите и на други места. Повеќето хотелски соби во областа беа целосно резервирани со месеци.

Научниците, исто така, се подготвуваа за настанот со месеци. Американската вселенска агенција НАСА го испитуваше затемнувањето на Сонцето со помош на авиони и балони, меѓу другото.

Последното целосно затемнување на Сонцето беше видливо од САД во 2017 година, од Мексико во 1991 година и од Канада во 1979 година. Наредното затемнување на сонцето за САД и за Канада е најавено дури во 2044 година, а за Мексико во 2052 година.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми