1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Цена на златото: Четврти рекорден ден по ред

СН/агенции | дпа
16 октомври 2025

Шпекулациите за дополнителни намалувања на каматните стапки во САД и трговскиот спор меѓу САД и Кина се движечка сила за цената на златото. Еден друг благороден метал пропушти рекорд

Човел со ракавици на рацете допира свежо излеани златни прачки
Четвртти ден по ред цената на златото постигнува рекордФотографија: Uli Deck/picture alliance/dpa

Цената назлатото продолжува да скока од еден во друг рекорд:  утринава (четвртокот, 16 октомври, 2025) котацијата на берзата во Лондон се искачи до 4.242 американски долари за една унца (околу 31,1 грам). Со тоа, овој благороден метал достигна највисока вредност четврти трговски ден по ред. Трговскиот спор меѓу САДИКина и шпекулациите за дополнителни намалувања на каматните стапки во САД сè уште важат за најсилни двигатели на цената на пазарот на злато.

Од почетокот на септември, цената на златото силно расте. Во овој период, благородниот метал доби околу 24 проценти на вредност. Други двигатели на цената се големата побарувачка за хартии од вредност со кои се тргува на берзата, а кои се покриени со злато, како и купувањето злато од страна на централните банки, кои сакаат нивните резерви да бидат донекаде понезависни од американскиот долар.

Од каде доаѓа златото?

00:47

This browser does not support the video element.

Цената на златото достигна рекорден максимум и во однос на еврото. Тука беше постигната највисока вредност од 3.636 евра утрово. Паралелно со цената на златото, и котацијата за сребро силно расте од почетокот на септември. Сепак, цената на среброто штотуку пропушти да постави рекорд. Благородниот метал се тргуваше утринава по цена од 52,74 долари за унца, што е нешто под највисоката ознака од 53,54 долари, која беше постигната во вторникот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми