1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОбразованиеСоединети Американски Држави

Цензурирани „неморални” дела на Шекспир

Тагесшау
12 август 2023

Сексуалната ориентација и родовиот идентитет во училиштата на Флорида веќе не смее да се тематизираат до дванаесеттото оделение. Како жртва на таквиот закон во еден училишен округ паднаа дури и делата на Вилијам Шекспир.

Вилијам Шекспир | Ромео и ЈУлија
Наместо целосните дела на Вилијам Шекспир, во еден округ во американската сојузна држава Флорида, на учениците им е дозволено да читаат само извадоци од нив. Фотографија: Getty Images/C. Ratcliffe

Наместо целосните дела на Вилијам Шекспир, во еден округ во американската сојузна држава Флорида, на учениците им е дозволено да читаат само извадоци од нив. Училишната програма во округот Хилсборо е променета во согласност со новиот закон на Флорида, кој забранува дискусија на училиште за сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Дополнителни причини за ваквите промени се застарените училишни стандарди и обидот да се поттикнат учениците да читаат поширок спектар на книги, се наведува во образложението што подрачните училишни власти го испратиле преку електронска пошта.

Проблем: Двосмислената игра со зборови

Во соопштението се додава дека книгите на англискиот автор сè уште се достапни во училишните библиотеки. „Како прво, ние не го исклучивме Шекспир од нашата училишна програма. Книгите сè уште им се достапни на учениците за да читаат делови од нив на часот“.

Во соопштението понатаму се додава дека „насоките за планирање на часовите постојано се контролираат и усогласуваат во текот на годината за да се усогласат со државните стандарди и важечките закони.“ Според соопштението, неколку драми на Шекспир содржат несоодветна игра на зборови и асоцијации и се навестува дека протагонистите во „Ромео и Јулија“ имала секс пред бракот.

#dw_BalkanBooster: Откривање на сопствената сексуалност - со препреки

02:43

This browser does not support the video element.

Се очекуваат дополнителни контроверзии

На округот Хилсборо му припаѓа и големиот град Тампа. Оваа недела започнува новата учебна година, па се очекуваат нови контроверзи.

Во округот Лејк, во близина на Орландо, веќе има правен спор околу детската книга „And Tango Makes Three”, во која двајца машки пингвини заедно извеле јајце. Законот познат како „Не вели геј“ е на сила од март и во претходните месеци предизвика протести, но доведе и до спор меѓу гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис и концернот Дизни.

ДеСантис и Конгресот на Флорида, во кој доминираат Републиканците, усвоија неколку нацрт-закони во последниве години со кои хомосексуалноста и транссексуалноста се ставаат надвор од наставата до дванаесетто одделение.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми