1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цензусот е постигнат - Македонија ќе избере претседател

ДТЗ
8 мај 2024

Успеаја претседателските избори, откако во попладневните часови беше постигнат неопходниот цензус за избор на шеф на државата. Според ДИК, до 17 часот излезноста е над 42 проценти

избори
Постигнат е цензусот, Македонија ќе добие претседателФотографија: Petr Stojanovski/DW

Успеаја претседателските избори во Северна Македонија, откако во попладневните часови беше постигнат неопходниот цензус за избор на шеф на државата. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 17 часот, добиени од 2.040 избирачки места со вкупно запишани 1.069.029 гласачи, гласале 452.412 гласачи или 42,32 отсто.

Најголема излезност е забележана во Општина Новаци – 66,47 отсто, а најмала во Општина Липково – 6,48 отсто. Споредено со претседателските избори во 2019 година, излезноста до 17 часот е поголема за 7,19 отсто, а во споредба со првиот круг на претседателски избори 2024 за 0,01 отсто.

До 17 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за парламентарните избори од 1. 920 избирачки места. Од вкупно запишани 1.003. 459 гласачи на овие избирачки места, гласале 470.950 граѓани, односно 46,93 отсто.

Најголема излезеност има во Кривогаштани, со 79,73 проценти, а најмала во Маврово и Ростуше со 22,93 процент.

Излезноста на гласачите за претседателските избори е помала во однос на интересот за парламентарните избори. Според податоците на Државната изборна комисија, излезноста за претседателските избори до 15 часот беше 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44 проценти. 

До 15 часот од вкупно запишани 1.172.912 гласачи, правото на глас го искористија 395.576 или 33,73 отсто. За парламентарните избори од вкупно запишани 1 .113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416. 915 или 37,44 проценти. 

Највеќе се гласа во Новаци, а најмалку во Липково 

Според ДИК, најголема излезеност за претседателските избори попладнето имаше во Крива Паланка - 58,29% и во Новаци -52,32 процента, а најмала во Липково - 5,14%. Слаб интерес за гласање има и во Арачиново, Боговиње, Врапчиште,Гостивар, Дебар, Желино, Пласница, Сарај, Центар Жупа, Чаир и Шуто Оризари. 

За парламентарните избори, пак, најголема е излезеноста во Крива Паланка - 58,18 отсто, а најмала во Центар Жупа - 13,74.

Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година има зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од претседателските избори 2024 има намалување од 0.84%. Споредбено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезеноста од 5.66 % на овие избори. 

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е: ИЕ 1 - 41.76 отсто, ИЕ 2 - 36,38%, ИЕ 3 - 39,91%, ИЕ 4 - 38,01%, ИЕ 5 - 35,15% и ИЕ 6  - 29,30 отсто. 

Највеќе се гласа во Новаци, а најмалку во ЛипковоФотографија: Petr Stojanovski/DW

Во првиот круг на претседателските избори, излезноста до 15 часот беше 35,89 проценти од 2.110 избирачки места. Од вкупно запишани 1.092.341 гласачи на овие избирачки места гласале 392.066. Најголема излезеност и тогаш имаше во Новаци и Крива Паланка. Што се однесува до податоците до 13 часот,излезноста изнесуваше 26,35%, што беше за шест проценти повеќе во споредба со изборите во 2019 година, кога излезеноста беше 20,45%.

До ДИК се доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 176 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка. За време на предизборниот молк, МВР информираше дека се регистрирани 14 настани од кои по 4 на подрачје на СВР Скопје и Охрид, два на СВР Тетово, по еден на подрачје на СВР Куманово, Велес, Битола и Струмица, при што најмногу пет се за поткуп при гласање. 

На денот на изборите биле примени 30 телефонски повици на бесплатната телефонска линија на Народниот правобранител, а едно лице и лично пријавило повреда на избирачкото право. Најголемиот дел од поплаките или во десетина од повиците граѓаните забележуваат зошто биле прашани дали сакаат да гласаат за претседателските или за парламентарните избори. 

Апел до избирачките одбори 

Државната изборна комисија (ДИК) апелираше избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач. Потоа на секој гласач треба да му ја објаснат процедурата на гласање. Гласачот може да се појави на гласачкото место само еднаш и да го оствари своето право на глас

„Доколку не се почитува правото на глас врз основа на Кривичниот законик секој член на изборен орган кој го попречува гласањето или намерно го попречува гласањето на некој друг член ќе се казни со најмалку три години затвор“, рече Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК на вонредна прес-конференција. Апелот следи откако од терен пристигнале информации дека дел од избирачките одбори не постапувале согласно нивните надлежности кои произлегуваат од Изборниот законик и  подзаконски акти на Комисијата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми