1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Четири неуспешни обиди да се избере наследник на Кацарска

ДТЗ
30 мај 2024

Постапката за избор се повторува сѐ додека не се избере претседател на Уставниот суд. Седницата за избор продолжува в петок

Уставен суд
Постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд. Фотографија: Petr Stojanovski /DW

Членовите на Уставниот суд ни по четири обиди не успеаја да го изберат наследникот на досегашната претседателка Добрила Кацарска. Нејзиниот тригодишен мандат истекува на 2 јуни, и таа немаше право на реизбор. Но, и двете кандидатки кои влегоа во трката за да ја наследат - Татјана Бозаџиева Васиќ и Ана Павловска Данева не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство, поради тесната разлика во гласовите.

Нова надеж во петок

„Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за претседател при што ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство. Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува сѐ додека не се избере претседател на Уставниот суд. Седницата за избор продолжува во петок (31.05) во 10 часот“, информираа од судот. 

За избор на претседател на Уставниот суд е потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број судии или најмалку шест гласа за еден од кандидатите. Изборот се врши согласно член 7 од Деловникот за работа на судот. Гласањето е тајно. 

Четири неуспешни обиди да се избере наследник на Кацарска Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува. 

Добрила Кацарска, на прес-конференција во средата (29.05) оцени дека мандатот го завршува со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив. „Беше привилегија да се служи на сите граѓани и да се брани правото од неправото и неправдата", рече Кацарска, обелоденувајќи дека за време на вршењето на функцијата често била мета на вербални и физички закани. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми