Четворица убиени во вооружен напад во банка во Кентаки
10 април 2023Полицијата во градот Луисвил соопшти дека во вооружен напад во банка се убиени четири лица, меѓу нив и напаѓачот, а повредени се осум лица. Меѓу повредените има и двајца полицајци, од кои еден е во критична состојба.
Според заменикот шеф на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри, полицајците стигнале во банката неколку минути по вклучувањето на алармот. Во тие моменти осомничениот напаѓач сѐ уште пукал околу себе. Во претстрелката со полицијата се повредени двацата полицајци. Нејасно е дали полицијата го убила напаѓаќот, или тој се самоубил. Според досегашните сознанија, напаѓачот имал врска со банката и бил актуелен, или поранешен вработен.
„Ова е трагичен настан“, изјави Хемфри, според кого благодарение на брзата реакција на полицијата се избегнати повеќе жртви.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, изјави дека двајца од убиените биле негови блиски пријатели. Друго лице со кое тој е во пријателски однос е меѓу повредените во болница. „Ова е ужесно“, изјави демократот, борејќи се со солзите.