1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦГК: Врие од дивоградби, ДУП-вите ги крои кој како сака

ДТЗ
1 март 2024

Застарени Генерални урбанистички планови, често менување на ДУП-ови, голем број дивоградби и слаб инспекциски надвор во општините се дел од слабостите нотирани во истражувањто на ЦГК

дивоградби
Врие од дивоградби, ДУП-вите ги крои кој како сакаФотографија: DW/A. Dimitriveska

Застарени Генерални урбанистички планови (ГУП), често менување на ДУП-ови, голем број дивоградби и слаб инспекциски надвор во општините се дел од слабостите нотирани во најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. 

Истражувањето е поттикнато од ризикот од корупција во текот на процесот. Овој проблем е потенциран и во Националната стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025. Според Стратегијата, издавањето одобренија, решенија, дозволи, лиценци и други документи во областа на градежништвото, урбанизмот и просторното планирање е значајно, имајќи предвид дека градежните зафати чие одобрување е во надлежност на овој сектор вообичаено чинат многу, оставајќи простор за притисоци, влијанија и поттикнување коруптивно однесување.Од таа причина, издавањето различни документи, како и инспекцискиот надзор се сметаат за точки кои може да генерираат ризик од корупција во овој сектор.

Осум општини - низа проблеми 

Истражувањето е спроведено во осум таргетирани општини (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Тетово, Струмица, Чаир и Штип) во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година. 

Сознанијата до коишто дошле од ЦГК се дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови чија  формална важност е истечена. За разлика на тоа, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени.

„Наспроти законски предвидениот плански период од 10 години, во дел од општините ГУП-от не е сменет и по повеќе од 20 години. Ненавременото ажурирање и изготвување нови планови создава ризик од непланско управување со градежното земјиште и од загрозување на јавниот интерес и квалитетот на животот“, се посочува во анализата. 

Битола со најстар ГУП 

Најстар урбанистички план има Општина Битола, донесен во 1999 година, кој во меѓувреме претрпел 8 измени, но сè уште не е донесен нов ГУП. Следна е Општина Кичево, чијшто ГУП е стар 24 години, потоа Општина Струмица со ГУП од пред 22 години, Општина Тетово има ГУП од пред 21 година, а Општина Куманово, пак, од пред 20 години.

Генералниот урбанистички план на Општина Чаир е всушност оној на Град Скопје, кој е исто така со истечен рок на важност од 2012 до 2022 година. Нови генерални урбанистички планови имаат само општините Неготино и Штип. Притоа, ГУП-от на Неготино е донесен во 2020 година, а на Штип во 2022 година.

Во Куманово највеќе се менувале ДУП-ови 

Дури три четвртини од измените на ДУП-овите се направени по барање на физички или правни лица, што значи дека е воспоставена пракса – планската документација да се менува и адаптира според потребите на надворешни субјекти. Секое трето барање за градба во периодот 2018-2022 година е одбиено или повлечено, што говори дека постапките за издавање одобрение за градење во општините, во определени случаи, може да бидат неправедно одолговлечени или, пак, да не е обезбеден воедначен третман на барателите.

Најмногу новодонесени детални урбанистички планови (ДУП) има Општина Куманово - 21, како и најмногу измени - 18. Во овие податоци не се вклучени податоците за урбанистичките планови за село, урбанистичките планови вон населено место и оние за подрачја и градби од државно значење.

Следни на листата според бројот на донесени ДУП-ови се општините Струмица со 17, Неготино со 11 и Тетово со 8. Три општини (Кичево, Чаир и Штип) имаат донесено по 4 ДУП-а, а Општина Битола само 3. 

Најстар урбанистички план има Општина Битола, донесен во 1999 годинаФотографија: picture-alliance/dpa/R. Kaufhold

Битола со најстар ГУП 

Најстар урбанистички план има Општина Битола, донесен во 1999 година, кој во меѓувреме претрпел 8 измени, но сè уште не е донесен нов ГУП. Следна е Општина Кичево, чијшто ГУП е стар 24 години, потоа Општина Струмица со ГУП од пред 22 години, Општина Тетово има ГУП од пред 21 година, а Општина Куманово, пак, од пред 20 години.

Генералниот урбанистички план на Општина Чаир е всушност оној на Град Скопје, кој е исто така со истечен рок на важност од 2012 до 2022 година. Нови генерални урбанистички планови имаат само општините Неготино и Штип. Притоа, ГУП-от на Неготино е донесен во 2020 година, а на Штип во 2022 година. 

Наплив на барања за легализација 

Барањата за легализација на нелегално изградените објекти доставени во 2018 година се над двојно повеќе од барањата за одобренија за градба доставени во период од цели пет години, од 2018 до 2022 година. Ова, според анализата, недвосмислено говори за последиците од донесувањето Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што се загрозуваат принципите на владеење на правото и планскиот развој на просторното планирање во земјата.

Слаб инспекциски надзор 

Во анализата се укажува и на слабиот инспекциски надзор. „Бројот на нелегално изградени објекти говори и за неефикасноста на инспекцискиот надзор. Наместо да бидат урнати, овие објекти чекаат на легализација, и тоа во бројка неколкукратно поголема од легално доставените барања за градба“, велат од ЦГК.

Пополнетоста на работните места во организациските единици за урбанизам просечно изнесува 62 %, а во половина општини не е назначен раководител на организациската единица надлежна за урбанизам. Ова, според Центарот за граѓански комуникации, значи дека не е воспоставена целосна и ефикасна контрола и воедно се зголемува можноста за поголеми влијанија на градоначалниците, кои ја добиваат можноста на функцијата да овластат блиски лица.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми