Телото не треба да се сексуализира, туку да се ослободи: тоа беше идејата зад тангата. Тоа мало парче ткаенина го измислил Руди Гернрајх. Како и сè во неговиот живот, тоа беше политичка порака.
Тангата ја измислил дизајнерот Руди Гернрајх, и како сè во неговиот живот, тоа беше политичка порака.Фотографија: Rowan/dpa/picture alliance
Реклама
Овие денови може да се види насекаде: ѕирка од панталони со низок струк како да е 2008 година, светка под проѕирни фустани за плажа или открива исончани задници на плажата.
Точно, станува збор за тангите, кои во моментов доживуваат свој кам-бек — благодарение на оживувањето на модата од 2000-тите, кога беа насекаде присутни. Она што многумина не го знаат: нивното создавање било политичка порака, а нивниот творец бил хомосексуалец.
Дизајнот на тангата на Гернрајх од 1974 година: Две тесни странични ленти се наоѓаат веднаш над коската на колкот.Фотографија: Rudi Gernreich
Јули 1974: последното нудистичко лето во Лос Анџелес
Но, да почнеме по ред. Летото 1974 година, популарната плажа Venice Beach во Лос Анџелес се претворила во море од откриени задници.
Реклама
„Сите беа голи“, се сеќава еден поранешен спасител во изјава за американскиот весник LA Times. Како дошло до тоа, никој не знае. Се знае само дека овој нудистички тренд дошол во времето на хипи-движењето, чии следбеници веројатно се радувале на фактот дека голотијата тогаш сè уште не била изрично забранета.
Но, сонот за „летото на голите“ не траел долго: прво дошле медиумите, потоа полицијата. Откако капењето без облека стигнало на насловните страници, Лос Анџелес едноставно го забранил.
Каква врска има тоа врска со тангите? Руди Гернрајх, австриски дизајнер кој живеел во ЛА, се побунил против оваа забрана — на свој начин. Како одговор на цензурата на голото тело, Гернрајх создал мало парче ткаенина за сите полови, кое го покривало само најнеопходното.
При тоа, неговата цел не била да го сексуализира телото. Напротив: „Ослободувањето на телото ќе го излечи општеството од неговиот сексуален комплекс“, наводно рекол Гернрајх. Тоа не било првпат тој со мода за кршење на табуата.
Модата на Гернрајх беше припиена до телото и наменета за сите половиФотографија: Dreamstime/IMAGO
Кариера во ЛА
Гернрајх е роден на 8 август 1922 година во главниот град на Австрија — Виена. Во Лос Анџелес пронашол нов дом во 1938 година. Тогаш 16-годишниот син на еврејски родители морал да избега со мајка си од нацистите. Неговиот татко кратко пред тоа извршил самоубиство. Додека мајка му во САД продавала пецива од врата на врата, младиот Руди исто така барал работа за да ѝ помогне: ги миел телата на починатите кои се подготвувале за обдукција.
„Мораше да се насмевнам кога луѓето ми велеа дека мојата облека е толку припиена на телото, како да сум студирал анатомија. Јас навистина студирав анатомија“, рекол Гернрајх во есеј во книгата на Мофит и Клакстон The Rudi Gernreich Book.
Всушност, подоцна Гернрајх не студирал анатомија, туку уметност, работел како костимограф и танчер. Во неговите дизајни секогаш се гледа фасцинацијата со телото, без разлика на полот.
Моделот Џојс Вилис во монокини на Руди Гернрајх, 1964 година
„Машко или женско, сите ќе се облекуваат исто“
Во време кога хомосексуалноста во САД сè уште била казнива, Гернрајх отворено живеел како хомосексуалец. Бил ко-основач на Mattachine Society, една од првите организации за ЛГБТК+ права во САД.
Она што денес го нарекуваме квир, Гернрајх тогаш веќе го живеел. За овој „татко на топлесот“ иднината на модата била унисекс: „Облеката повеќе нема да се идентификува како машка или женска“, предвидувал уште во 1970-тите. „Зима или лето, машко или женско, сите ќе се облекуваат исто“. За Експото во Осака 1970 година дизајнирал цела унисекс колекција, а неговите модели, и жени и мажи, биле без шминка, избричени и без влакна.
Креациите на Гернрајх често беа инспирирани од танцотФотографија: Dreamstime/IMAGO
Ослободете ги брадавиците
Модата на Гернрајх исто така раскинала со идеалите за убавина од 1950-тите, кои женските тела ги стегале во тесни корсети. Најдоцна во 1964 година станал познат на пошироката јавност кога го претставил својот озлогласен костим за капење без горен дел: монокини. Тој костим, тогаш како и денес, се сметал за скандалозен. Откривал гради речиси целосно, оставајќи само две ленти ткаенина, практично била тоа танга за гради.
Бидејќи Гернрајх сметал дека жените, исто како и мажите, треба да имаат право да ги покажуваат брадавиците, и пред сè, самите да одлучуваат за тоа. „Не сакам на жените да им се пропишува што треба да носат“, рекол Гернрајх во 1966 во интервју за новинската агенција АФП.
Како тој би гледал денес на времето во кое Инстаграм цензурира женски брадавици, а јавната голотија сè уште претставува проблем на многу места? Со сигурност може да се каже дека Гернрајх бил човек пред своето време.
Бикини-костимот полни 70 години, но не е стар
Скандалозно и секси: креацијата на Французинот Луи Реар пред 70 години го возбуди светот на модата. Една од првите поборнички за новото „слободно“ парче облека беше Мерилин Монро.
Фотографија: AP Photo/Brooklyn Museum of Art
Историјата на триаголникот
Четири мали триаголници, кои се поврзани со тенки врвки - помалку штоф и не може да има. На 5 јули 1946 година, стриптиз-танчерката Мишелин Бернардини застана пред камерите во еден базен во Париз и го презентираше првиот бикини-костим за капење, креација на еден машински инженер. Французинот Луи Реар тогаш и не претпоставуваше дека создал парче облека за вечност.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Анатомска бомба
Втората светска војна заврши, Студената војна почна. Во атолот Бикини, во Тихиот Океан, се направени првите американски нуклеарни тестови. Тоа го инспирира Реар за името „бикини“. Тој новиот костим за капење (фотографијата е од 1947 година) го рекламира со играта на зборови: „Бикини, премиера на анатомската бомба“.
Бикини-костимот всушност воопшто и не е изум на парискиот инженер. Идејата за „лесна“ облека, која го покрива само најнеопходното од телото, е многу постара. Во вилата Романа дел Касале на Сицилија се пронајдени мозаици од 4. век, на кои се прикажани Римјанки спортистки - во антички бикини.
Фотографија: picture alliance/ZB/W. Thieme
Големата среќа на пин-ап девојките
Пред да ја почне актерската кариера, Мерилин Монро заработувала како модел за пин-ап фотографии. За нејзе и нејзините колешки бикини-костимот бил подарок. Се разбира дека сите се фотографирале во бикини. Оваа фотографија од 1949 година се наоѓа во музејот Бруклин/Њујорк и се вика едноставно: „Мерилин на плажа“.
Фотографија: AP Photo/Brooklyn Museum of Art
Нема лизгање
Во 1950-тите во САД големи успеси имаат холивудските филмови со пливачки. „Aqua Maids“ изведуваат балет во вода и вратоломии на скии на вода. На фотографијата - две „водни нимфи“ се ладат. Како што се гледа, горниот дел од бикини-костимот изгледа како да ќе се лизне, но одоздола има толку многу штоф, што се чини дека ќе може издржи и на 50 km/h.
Фотографија: picture alliance/AP Images
Убавиците на Џејмс Бонд
Кога Урсула Андрес во 1962 година излегува од морето во дводелниот костим, на кино-посетителите и на чуварите на моралот им паѓаат вилиците. Мора да се соземе и Џејмс Бонд (Sean Connery) во филмот „Доктор Но“. Истото, 40 години подоцна, му се случува и на Пирс Броснан како Џејмс Бонд во филмот „Умри некој друг ден“ - Хали Бери од морето излегува во сличен модел.
Фотографија: picture-alliance/dpa/UPI/Fox
Плетени
И модерната жена во комунистичката ГДР има право на минијатурниот костим. Во 1971 година „Издавачка куќа за жени“ многу го фали хекланиот бикини-костим. Тој е популарен и кај хипиците. Лошата страна му е што по влегувањето во вода се шири и станува тежок. Денес костимите се прават вештачки влакна.
Фотографија: picture alliance/akg-images
Татковината на тангите
Во 1950-тите години анти-бикини здружение имаше, ни помалку ни повеќе, туку во Рио де Жанеиро. Бразилските танги немаа добар глас сѐ до 1970-тите. Во меѓувреме, на бразилските плажи шетаат најубавите жени со најмалку штоф на себе што може да се замисли.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Lacerda
Бикини-фигура
Папараците демнат на плажите ширум светот каде може да се најдат познати личности. Тие ги насочуваат телеобјективите кон присутните дами и бараат евентуални масни наслаги на телото. Кај Мишел Хунцикер (модел и водител, на фотографијата лево) фотографот може да бара колку сака - и по три породувања, таа изгледа перфектно.
Фотографија: picture alliance/Riccardo Dalle Luche Excl/IPA
Бикини за спорт
Одбојката на плажа станува олимписка дисциплина во 1996 година. Брзо се претвора во една од најомилените, затоа што токму кај дамите има што да се види. До 2012 година прописите за облекување на Светската одбојкарска федерација велеа дека мора да се носат бикини, но денес е сѐ можно - од танга до велосипедски панталончиња.
Фотографија: Getty Images/B. Kara
Бесмртни
„Бикини“ инаку значи „земја на кокосови ореви“. Жителите на нуклеарно загадениот атол одамна се преселени некаде на друго место. Но, облеката преживеа со децении и за нејзе, според многу водни нимфи, нема алтернатива. Токму сега фирмата ТЦН на модната недела во Барселона им постави споменик на бикините. И тоа на најкласичната можна форма: четири триаголници со врвки.