1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Самит за Планот на ЕУ за раст за Западен Балкан

СН/агенции
16 мај 2024

На самитот во Котор под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ , лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на ЕУ и на САД ќе се фокусираат на економската интеграција и можностите кои ги нуди Планот за раст.

Знамињата на ЕУ и на државите од Западен Балкан
Знамињата на ЕУ и на државите од Западен БалканФотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Во Црна Гора денеска ќе се соберат лидерите од Западен Балкан и претставници на Европската Унија и на САД на самит на кој ќе разговараат за Планот на ЕУ за економски раст на Западен Балкан.
Домаќин на самитот во Котор, под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ ќе биде премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Најавено е учество на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерите на Косово и Албанија, Аљбин Курти и Еди Рама, македонскиот технички премиер, Талат Џафери, како и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

На собирот ќе учествуваат и европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеј и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О'Брајан.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека О'Брајан и другите учесници на самитот во Котор ќе се фокусираат на регионалната економска интеграција и можностите за раст кои ги нуди Планот за раст на Западен Балкан и ќе ја зајакнат силната американска поддршка за патот на Западен Балкан кон членство во ЕУ. 
Заедно со лидерите и министрите на земјите од регионот, во Котор беа поканети и партнерски организации, како што се Советот за регионална соработка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Транспортната заедница, Атлантска алијанса, Енергетска заедница, Фондација Отворено општество, РеСПА, ГИЗ.
Планот за раст на Западен Балкан, кој Европската комисија го усвои во ноември, а ЕУ пред две недели, предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди се поволни заеми обезбедени од ЕУ.
Услов за добивање средствата е спроведување на реформите, пред се во делот на почитување на демократските механизми, владеењето на правото и основните права. Планот го опфаќа периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада од шесте земји од Западен Балкан да добива одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите кои ги спровела во тој период.


 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми