1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Падна владата во Црна Гора

СН/агенции
20 август 2022

Владата на премиерот Дритан Абазовиќ беше на функција само три и пол месеци. Неговиот однос кон Српската православната црква одиграа улога во изгласувањето недоверба.

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ им се обрати на пратениците по изгласувањето недоверба на неговата влада
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ им се обрати на пратениците по изгласувањето недоверба на неговата владаФотографија: Stevo Vasiljevic/REUTERS

Парламентот на Црна Гора по маратонска седница, рано утрината ја собори владата на чело со лидерот на движењето УРА, Дритан Абазовиќ. Од вкупно 80 пратеници во паралментарниот состав за недоверба на владата гласаа 50, а против беше еден пратеник. Во гласањето за недоверба не учествуваа пратениците на партиите Демократски фронт, листата „Црно на бело“, Социјалистичката народна партија и пратеникот од Демос, Миодраг Лекиќ.

„Многу работи во Црна Гора се појасни... Со државата ќе владеат или криминалци или граѓани, ние сме на страната на граѓаните“, рече Абазовиќ по гласањето.

Тој додаде дека неговата влада „најкусо траела, но донела најтешки одлуки“. Абазовиќ ѝ „честиташе“, како што рече, на новата коалиција на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, и лидерот на Демократите, Алекса Бечиќ.

Премиерот во заминување рече и оти нема да учествува во наредната влада која ќе се формира пред изборите.

Маратонската седница на парламентот во Подгорица траеше до 1 часот изутринаФотографија: Stevo Vasiljevic/REUTERS

Иницијативата за недоверба на владата ја поднесоа Демократската партија на социјалистите, Социјалдемократската партија, Социјалдемократите, Либералната партија и Демократската унија на Албанците.

Иницијативата беше поднесена по потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква-СПЦ.

За време на расправата во парламентот, претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ, рече дека дошле до пишана иницијатива за реконструкција на Владата, која ја потпишале 9 пратеници од листата „Црно на бело“ и Социјалистичката народна партија. Меѓутоа, оваа иницијатива не ја поддржале Демократите.

Абазовиќ на чело на владата застана на 28 април, со поддршка на партијата на Мило Ѓукановиќ, по гласањето за недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ, која дојде на власт по бранот литии против Законот за слобода на вероисповед.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми