1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦСУ победи на покраинските избори во Баварија

Пиа Грам
9 октомври 2023

Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) останува најсилна во Баварија, но го постигна својот најлош резултат на покраински избори од 1950 година досега. Деснопопулистичката АфД е на второто место.

Маркус Зедер, премиер на Баварија
Маркус Зедер, премиер на БаваријаФотографија: TOBIAS SCHWARZ/AFP

ЦСУ (Христијанско-социјална унија) на покраинскиот премиер Маркус Зедер победи на покраинските избори во Баварија со значително водство, а сепак истовремено постигна историски слаб резултат. Слободните гласачи (ФВ) со нивниот шпиценкандидат Хуберт Ајвангер, од друга страна, добија значително зголемување на гласовите во однос на претходните избори. Затоа, двете партии можат да ја продолжат својата коалиција како што е планирано.

Голем плус гласови има и деснопопулистичката АфД, додека Зеленитезабележаа благ пад на гласовите во однос на претходните избори. ФДП не успеа да освои доволни гласови за да го мине прагот од 5% за влез во покраинскиот парламент.

Според неофицијалните резултати, ЦСУ освои 37 отсто од гласовите. Тоа значи дека партијата, која е на чело на владата во покраината Баварија веќе 65 години, има резултат кој е малку полош од нејзиниот катастрофален резултат од 2018 година (37,2 отсто). Тогаш падот на гласови за ЦСУ беше повеќе од десет проценти.

ФВ и АфД добиваат на сила

Слободните гласачи (ФВ) значително се подобрија и освоија 15,8% гласови (2018: 11,6). Зелените имаат 14,4 отсто и се далеку од својот рекорден резултат од 17,6 отсто од 2018 година. Најголем плус од 4,4% бележи АфД, која сега има 14,6 отсто од гласовите. Тоа значи дека партијата чии делови се десноесктремни ќе стане најсилната опозиција во покраинскиот парламент во Минхен.

СПД освои скромни 8,4 отсто од гласовите (2018: 9,7) и тоа е најлошиот нејзин резултат досега на изборите во Баварија. Со освоени само три проценти гласови ФДП пропушти да влезе во покраинскиот парламент (2018: 5,1).

Излезноста на гласачите е 73,3 проценти. Во 2018 година имаше одзив од 72,4 отсто. Право на глас во Баварија, која е голема отприлика колку Ирска, имаат 9,4 милиони луѓе.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми