1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џафери предлага да се гласа и со стари документи без рокови

ДТЗ
8 март 2024

Измените во Изборниот законик нема да го решат проблемот со документите. Техничкиот премиер решението го гледа во можноста сите граѓани кои имаат истечени документи да можат да гласаат на пролетните избори.

Талат Џафери
Џафери предлага да се гласа и со стари документи без роковиФотографија: Petr Stojanovski/DW

На граѓаните треба да им се овозможи да гласаат на пролетните избори со стари документи без никаков рок, смета техничкиот премиер Талат Џафери. Откако во четвртокот (7.03) во Собранието беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Џафери вели дека со оваа законска измена нема целосно да се реши проблемот со валидноста на докумените на граѓаните во изборниот процес. 

Пратениците по скратена постапка ги усвоија измените, со кои меѓудругото се овозможува избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите. 

Делумно решение

„Не сум убеден дека ќе се реши проблемот со патните исправи со оглед на одредбите кои ги регулира и санкционира самиот законот. Во него е предвидено сите граѓани кои имаат документи со истечен рок во траење од девет месеци до денот на изборите ќе можат да гласаат. Оние кои им се постари нема да можат, значи делумно е решението, не е целосно“, вели Џафери и додава: „Ако имаме документи со истечен рок од девет месеци на 24 април ќе гласаме, но што ќе правиме на 8 мај. Сакајќи да направиме исклучок, правиме друг исклучок за дел од граѓаните“. 

Техничкиот премиер решението го гледа во можноста сите граѓани кои имаат истечени документи да можат да гласаат на пролетните избори.

„Ќе треба да размислат во Собранието или ние во Влада ќе треба да го доисправиме овој проблем“, рече Џафери одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција по извршениот увид во изградба на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми