1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Дали ЕУ ќе ги забрани туристичките визи за Русите?

Јан Валтер
23 август 2022

Со недели во ЕУ сѐ погласни се барањата да не се издаваат веќе туристички визи на руски државјани. Во Германија опозицијата притиска, а други европски земји се многу понапред со мерките. Преглед на ситуацијата.

Руските туристи одамна не можат да летаат во ЕУ, а сега некои земји членки на Унијата инсистираат повеќе воопшто да не им се издаваат Шенген визи
Руските туристи одамна не можат да летаат во ЕУ, а сега некои земји членки на Унијата инсистираат повеќе воопшто да не им се издаваат Шенген визиФотографија: Russian Look/picture alliance

Дали на Русите и натаму треба да им е дозволено да си одмараат во ЕУ? Во Германија пред сѐ опозицијата е против тоа да се дозволува влез за руски туристи. „Туристичките визи за Русите мора да бидат сопрени”, рече за весникот „Билд” Андреа Линдхолц, член на ЦСУ и заменик претседател на фракцијата на Унијата во Бундестагот. Канцеларот Олаф Шолц и други членови на владиниот кабинет се изјаснија против паушална забрана за туристи од Русија.

Германската влада не е единствената во рамки на ЕУ која е воздржана. И во самата Европска комисија сметаат дека има правни проблеми и имаат задршки од хуманитарна природа, особено кога се во прашање руските опозиционери. Други ЕУ членки пак, особено од истокот, веќе го имаат ограничено издавањето визи за руски државјани и го укинаа издавањето на т.н. визи за краток период со помош на кои руските туристи прилично некомплицирано можеа да влегуваат во ЕУ. Сега ги повторуваат очекувањата на украинскиот претседател Зеленски од Унијата, имено да се донесе правило што ќе важи за цела ЕУ и ќе спречи руски туризам во нејзините граници.

Карта на земјите членки на Шенген зоната

Фактички сите можности за влез на Руси во ЕУ просторот се веќе ограничени поради обостраната забрана за користење на воздушниот простор: авиони од Русија не смее да слетуваат во ЕУ и обратно. Токму затоа многу Руси преку директното соседство Финска, балтичките држави и Полска патуваа во ЕУ. Тамошните влади веќе најавија или спроведоа мерки за спречување на таквата појава.

Кои земји сакаат да го ограничат издавањето визи за руски туристи?

Естонија

Неделава министерот за надворешни работи, Урмас Рајнсалу, во емисија на естонското радио го повтори барањето: „Мора уште пред зимата драстично да ја зголемиме цената за агресијата”, оцени тој. Според ова и руското население треба директно да ја плаќа цената за војната. Покрај целосно ембарго и други санкции за индивидуалци, тој бара и забрана за влез на руски државјани во цела ЕУ.

Најсеверната од трите балтички држави веќе одреден период не издава визи за Русите, ниту нови дозволи за престој. Од минатата недела дури и со важечка виза смее да влезат во земјата само ако имаат валидно живеалиште или роднини таму.

Летонија

И владата во Рига поддржува ограничување на влез за Русите за цела ЕУ. Летонија во моментов издава визи на Руси само ако треба да присуствуваат на погреб на блиски роднини.

Литванија

Како и другите две балтички републики, Литванија во најголем дел го укина уздавањето визи на Руси. Шефот на дипломатијата, Габриелиус Ландсбергис, минатата недела објасни дека Вилниус поддржува севкупна забрана за визи во цела ЕУ бидејќи во спротивно руските државјани може од кој било конзулат да добијат виза и потоа преку некоја од соседните држави на Русија да влезат во Унијата и од таму да одат на одмор.

Шенген визаФотографија: Nikolai Sorokin/Zoonar/picture alliance

Русите и по копнен пат влегуваат во ЕУ

Финска

Нордиската држава има најдолга граница со Русија од сите ЕУ членки. На дневна база на граничните премини доаѓаат Руси за да извадат краткорочна виза за ЕУ, појава која владата во Хелсинки сега сака да ја ограничи. По финското законодавство тоа не е можно, рече министерот за надворешни работи Пека Хависто, но со помош на скратено работно време на канцелариите од септември наместо илјада, на дневна база треба да бидат издавани само уште сто такви дозволи за влез. За Руси кои доаѓаат со важна причина како на пример за работа или посета на членови на семејството, Финска ќе го олесни процесот.

Чешка

Владата во Прага само неколку дена по нападот на Русија врз Украина прекина со издавање на визи за лица од Русија и кратко потоа и за белоруски државјани. Таа ги поддржува и барањата за хомогено правило на ниво на цела ЕУ. Како времен претседавач со Советот на Европа, чешката влада темата може да ја стави на дневен ред на Самитот на ЕУ на крајот на месецот во Чешка.

Полска

Владата во Варшава се залага за хомогено правило на ниво на ЕУ за укинување на издавањето визи за руски државјани. Полска во претстојните недели планира да донесе национално решение за тоа прашање.

Може во иднина ќе биде поисполнета: плажа кај Санкт Петерсбург, РусијаФотографија: Maksim Konstantinov/Russian Look/picture alliance

Случаи на влез од „хуманитарни причини“ ќе бидат изземени од забраната

Данска

Данска очигледно планира издавањето визи на руски државјани да го ограничи на национално ниво, но сака и другите земји членки да се приклучат на мерката. "Предлогот на Естонија е разумен", оцени данскиот министер за интеграција Коре Диубвад. На крајот на краиштата е доволно, оценува тој, ако земја без проблем издава Шенген визи за да биде можно патувањето низ цела Унија.

Холандија

Холандија на крајот на април го укина издавањето краткорочни визи откако повеќе соработници на холандската амбасада во Москва беа протерани од земјата. Но, земјата е добар пример за тоа како може да изгледаат исклучоците од правилото: „од рационални хуманитарни причини” и натаму може да се издаваат краткорочни визи. Долгорочни визи се исто така изземени од забраната.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми