1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на животГерманија

Дали германската точност изумира?

ЕМФ / дпа
17 јануари 2026

Само 78 проценти од Германците сè уште ја сметаат точноста за типично германска особина. Дали точноста изумира?

Човек гледа на рачен часовник
Точноста е сѐ уште германска доблест?Фотографија: Picture-Factoryl/Fotolia

Бидете точни: Особината да се почитуваат договорените термини и со тоа да се покаже почит кон другата страна, многу луѓе ја сметаат за вредна. Таа се гледа како знак на добро воспитание. Според едно клише, точноста е германска доблест, но реалноста – на пример кај железницата – како и една нова анкета, укажуваат на промена.

Дали германската точност изумира?

Пред четврт век, тогашниот шеф на железницата рече дека точноста на железничкиот сообраќај во Германија е околу 90 проценти и дека ниту една железница во Европа не достигнува такви вредности. 25 години подоцна, пак, се смета за амбициозно кога шефицата на железницата Евелин Пала вели дека во новата година најмалку 60 проценти од возовите на далечни релации треба да бидат точни, а до крајот на 2029 година да се постигне процент на точност од најмалку 70 проценти.

Германската железница има проблем со точностаФотографија: Moritz Frankenberg/dpa/picture-alliance

Една актуелна репрезентативна анкета на YouGov по нарачка на германската агенција ДПА открива дека само 78 проценти од возрасните во Германија сметаат дека „точноста“ е „типично германска“ (за споредба: кога станува збор за „бирократијата“ тоа го мислат 89 проценти). Во слична анкета во 2017 година, вредноста за бирократија и точност беше еднаква – 90 проценти.

Маките на мигрантите со бирократијата во Германија

01:02

This browser does not support the video element.

Речиси сите возрасни во Германија сметаат дека не доцнат

Точноста во Германија, изгледа, губи на сјај, углед или како и да се нарече тоа. Сепак, самоперцепцијата на возрасните во Германија е сè уште прилично јасна. Огромно мнозинство од повеќе од 90 проценти се опишуваат себеси како луѓе кои не доцнат.

Но, меѓу генерациите постојат разлики. Кај помладите процентот на оние кои сметаат дека не доцнат е понизок отколку кај постарите. Така, кај таканаречените „бумери“ (на возраст од 61 до 79 години) околу 97 проценти велат дека не доцнат. Такво мислење за себе имаат околу 92 проценти од испитаниците во средните генерации X и Y (се мисли на оние од 45 до 60 години и од 29 до 44 години).

Кај најмладите возрасни (18 до 28 години) – во т.н. Генерација Z – процентот е значително понизок - околу 81%. Ако оваа генерација еден ден ја преземе водечката улога и остане на оваа самопроценка, тогаш во земјата би имало повеќе луѓе кои доцнат. Но ако се има предвид ваквиот процент, тогаш не може да се зборува за „изумирање“ на точноста.

Огромно мнозинство од повеќе од 90 проценти од Германците се опишуваат себеси како луѓе кои не доцнатФотографија: picture-alliance/blickwinkel/MPhoto/BilderBox

Многумина мислат: точноста денес е помалку распространета отколку порано

Речиси сите генерации се прилично согласни во проценката „дека во Германија денес точноста е помалку распространета отколку порано“. Сè на сè, 70 проценти се согласуваат со оваа изјава, кај најстарите (80 до 99 години) дури повеќе од 80 проценти, а кај младата Генерација Z - 62 проценти.

Мнозинство во сите генерации признава дека „често“ или „понекогаш“ се нервираат затоа што другите луѓе доцнат. Помладите се малку попопустливи кон своите сограѓани – кај нив само околу 70 проценти велат дека понекогаш или често се нервираат поради нечие доцнење. Кај Генерацијата Y (позната и како миленијалци) тоа го велат 81 процент, а кај Генерацијата X и кај бумерите околу 85 проценти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми