1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Дали Израел ќе го нападне Хамас и во Истанбул?

БГ | НЦЦ
15 септември 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот не исклучи натамошни напади врз припадници на Хамас „без оглед каде се наоѓаат“. Дали и Турција би била можна цел?

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека ќе продолжи со нападите врз лидерите на Хамас „каде и да се“.Фотографија: Abir Sultan/EPA/dpa/picture alliance

По израелскиот напад врз претставници на Хамас во главниот град на Катар, Доха минатата недела, премиерот Бенјамин Нетанјаху најавува дека нема да застане во обидот да се ликвидираат членовите и раководството на терористичката организација.

По средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио во Ерусалим во понеделникот (15.09.2025), Нетанјаху се закани дека ќе продолжи со нападите врз лидерите на Хамас „каде и да се“.

Со оглед на фактот што голем број членови на Хамас веќе со години престојуваат во Истанбул, Турција, швајцарскиот весник „Ноје Цирхер Цајтунг“ (НЦЦ) го поставува прашањето: дали и турскиот град би можел да стане цел на израелските ракети?

 „Од почетокот на 2000-тите, односно од подемот на АКП под водство на Реџеп Таип Ердоган, членови на Хамас престојуваат во Турција“, вели за НЦЦ Валтер Пош, експерт за Блискиот Исток при Академијата за национална одбрана во Виена.

Катар ја прифати политичката раководна структура на Хамас од 2012 година – затоа што тогашниот американски претседател Барак Обама сакаше да воспостави индиректен канал за комуникација со Хамас. „Парите на Хамас се наоѓаат во Катар“, вели Пош. „Прашањето е: што се наоѓа во Истанбул?“ 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и убиениот лидер на Хамас, Исмаил Ханија во Истанбул, 20.04.2024Фотографија: Murat Cetinmuhurdar/TUR Presidency/Anadolu/picture alliance

Во Турција, Хамас нема ни официјална канцеларија. „Денес таму има неколку десетици водечки кадри на организацијата. Тие имаат пристап до највисоките политички кругови и се толерирани, но работат под големи ограничувања. Значи, не можат лесно да изградат организациска структура во Турција.“

Дали Израел би нападнал во земја членка на НАТО? 

„Пред неколку дена ова прашање ќе беше незамисливо“, вели Нимрод Горен, директор на израелскиот тинк-тенк за надворешна политика Митвим. Тој смета дека израелски воздушен напад во Истанбул, и покрај изненадниот напад во Катар, е малку веројатен.

„Турција и Катар се многу различни: Израел и Турција одржуваат континуирани дипломатски односи од 1949 година, и покрај сите подеми и падови.“
Во моментов, тие односи се на најниско ниво: кон крајот на март, Ердоган го молеше Бог да го уништи „ционистичкиот Израел“. Воздушните врски меѓу Тел Авив и Истанбул се прекинати од 7 октомври 2023 година, а Турција ги прекина трговските односи со Израел. Неодамна, Бенјамин Нетанјаху го прогласи масакрот врз Ерменците во 1915 и 1916 година за геноцид, што Турција остро го осуди.

Терористите – цел насекаде 

И во Сирија се судираат интересите. „Анкара има интерес да изгради армија во Сирија, односно да ги обедини различните милиции во една командна структура“, вели Пош. „Израел е против – затоа што гледа закана во воено засилена Сирија."

Сепак, турското знаме сè уште се вее над амбасадата во Тел Авив, а Израел сè уште има дипломатска мисија во Анкара. Статусот на Турција како земја членка на НАТО, според Горен, би го одвратил Израел од воздушен напад во Истанбул. „Покрај тоа, Израел е член на НАТО-Медитеранскиот дијалог. Напад врз турска територија не би имал смисла“, вели израелскиот политиколог.

Дури и ако Израел се воздржи од бомбардирање во Турција, тоа не значи дека ќе ги поштеди кадрите на Хамас во Истанбул. „Израел има долга историја на операции во кои дискретно ги таргетира терористите ширум светот“, вели Горен за НЦЦ. Пример за тоа е неуспешниот обид за атентат врз Халед Машал во 1997 година во Јордан: агенти на Мосад се обидоа да го отрујат тогашниот лидер на Хамас. Според арапски медиуми, Машал присуствувал и на состанокот во Доха – и наводно повторно го преживеал израелскиот напад.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми