1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Кој командува со странските доброволци во Украина?

Ихор Бурдига
2 септември 2022

Во „Меѓународната легија“, странци се борат на страната на Киев против руската инвазија. Наводно командант во легијата е и еден полски криминалец, кој ги испраќал војниците во самоубиствени акции и во грабежи.

Белоруски доброволци на вежби во Полска пред заминувањето во „Меѓународната легија“ во Украина
Белоруски доброволци на вежби во Полска пред заминувањето во „Меѓународната легија“ во УкраинаФотографија: Michal Dyjuk/AP/picture alliance

„Четири месеци легионерите бараа помош од државниот врв, но немаше одговор. А, прекршоците продолжуваат“, вели Ана Мироњук. Таа е коавторка на извештајот на весникот „Киев Индепендент“. „Ја објавивме нашата статија за конечно нешто да се случи. Проблемите во армијата мора да се решат сега, за време на војната, бидејќи подоцна може да биде предоцна.“

Украинскиот весник на англиски јазик неодамна објави истражување за Меѓународната легија, група на доброволци во Украина, основана на иницијатива на претседателот Володимир Зеленски. Написот се однесува на дел од оваа легија, која е подредена на главниот разузнавачки оддел на украинското Министерство за одбрана и извршува специјални задачи во првите линии во фронтот против руската инвазија.

Обвинувања против полски командант

Новинарите на „Киев Индепендент“ меѓу другото го обвинуваат еден од командантите на Легијата, 60-годишниот Саша Кучински, за злоупотреби, сексуално насилство и за грабежи. Според истражувањето на весникот, вистинскиот идентитет на Кучински е Пјотр Капушчински, полски државјанин. Самиот Кучински го потврди тоа во интервју за ДВ. Од јавно достапни извори се знае дека Капушчински бил вмешан во судскиот спор против „Прушковската банда“, една од најголемите криминални организации во Полска.

Новинарите на „Киев Индепендент“ и на „Белингкет“ ги споредија фотографиите на Пјотр Капушчински (лево) и на Саша Кучински (десно)Фотографија: The Kyiv Independent

Во 2000-тите години полските власти го обвинија Капушчински за 71 кривично дело, меѓу кои и за измама и за едно киднапирање. Меѓутоа, во 2009 година истрагата беше прекината. Оттогаш тој беше наведен како клучен сведок. Поради неговите искази, осудени се девет членови на бандата, пишуваше тогаш полската „Газета Виборжа“.

Подоцна, Капушчински беше осомничен за други криминални дела, и го загуби статусот на клучен сведок, објави весникот „Ржечпосполита“ во 2020 година, повикувајќи се на полското Јавно обвинителство: Дел од исказите на Капушчински не биле потврдени. Со години тој ја „мешал вистината и фикцијата“, напиша весникот.

Под обвиненија во две земји

Во тоа време Капушчински веќе неколку години живее во Украина. Од ноември 2017 година, судот во Варшава бара екстрадиција на Капушчински во Полска, каде што беше осуден на три години затвор.

Но, судството во Халич, Украина, сакаше прво да го истражи сопствениот случај против Капушчински. Како што може да се види од државниот регистар за судски пресуди, украинските власти уште од април 2017 година го товарат за грабеж и за сексуално насилство. Во 2021 година, украинската полиција пронашла пиштол во автомобилот на Капушчински, по што тој бил уапсен, но пуштен со кауција. Во мај 2022 година, судот во Халич ја прекина истрагата. Обвинителот Ихор Тјушко за ДВ изјави дека причина за тоа е службата на Капушчински во украинската армија.

Насилство, грабежи и неподготвени мисии

И како командант во украинската војска Капушчински сексуално вознемирувал и воени лекарки, јавуваат соговорниците на „Киев Индепендент". Освен тоа, на почетокот на јуни тој ги принудил странските доброволци да ограбат трговски центар во Донбас за време на борбите за Северодоњецк и Лисичанск. Исто така, легионерите биле испраќани неподготвени во мисии.  Во Северодоњецк, единица на доброволци од Бразил прво се нашла под „пријателски оган“, а потоа морала  со денови да издржи непријателски оган без храна и вода.

Украинци се враќаат во татковината за да се борат

01:54

This browser does not support the video element.

„Го повикавме Пјотр Капушчински и му објаснивме за што го обвинуваат легионерите и прашавме дали е тоа вистина“, објаснува новинарката Мироњук. „Тој рече дека треба да ги проследиме прашањата до обвинителството, немаше време да разговара со нас. Потоа ја спушти слушалката“.

ДВ го контактираше Капушчински преку неговиот адвокат Петро Швкарка, кој го бранеше пред судот во Халич. Капушчински во телефонски разговор за ДВ го потврди статусот на командант на Меѓународната легија, како и фактите од неговото криминално минато, меѓу кои и фактот дека бил клучен сведок: „Работев за мафијата, крадев, продавав кокаин, имаше многу нешта“, вели Капушчински. Тој, исто така, долги години извршувал тајни задачи за полската разузнувачка служба.

Новинарите разговараа со дезертери“

„Иако многу луѓе ја знаат мојата биографија, јас сум почитуван човек во Легијата. Така, еден пријател едноставно ми ги стави еполетите на полковник на мојата униформа. Во Легијата, чинот не е важен, бидејќи овде живееме и се бориме заедно“, објаснува Капушчински. Од фотографиите на кои носи ознаки на полковник не можат да се извлечат заклучоци за неговиот чин. И без тоа, украинските закони не дозволуваат странците да имаат повисок чин од наредник.

Капушчински, меѓутоа, решително ги отфрла штотуку објавените обвинувања од редовите на Легијата. Во врска со инцидентот во трговскиот центар во Лисичанск, на пример, тој во разговорот со ДВ уверува дека имал дозвола од сопственикот да ја земе со себе стоката што ѝ била потребна на неговата единица. Ова за ДВ го потврдија од прес-службата на трговскиот синџир за електроника Комфи, од каде што странските волонтери ја земале стоката. 

Саша Кучински носи ознаки на полковник на униформата иако нема офицерски чинФотографија: The Kyiv Independent

Капушчински вели дека новинарите разговарале со дезертерите кои го напуштиле бојното поле во близина на Северодоњецк: „Вакви луѓе се стрелани во време на војна. Но, Украина е либерална земја. Јас им го одзедов оружјето и воените лични карти и тие беа испратени со автобус во Киев“, вели Капушчински. „Тие беа протерани од Легијата. Тоа беше група Колумбијци. Тие се пожалија кај воениот обвинител“. Тој и другите воени офицери потоа биле сослушани. Истражителите не констатирале никакви прекршоци.

ДВ побара коментари од Министерството за одбрана на Украина и од советничката на претседателот за национална одбрана Аљона Вербицка за статусот на Пјотр Капушчински и за обвинувањата против него. Досега, меѓутоа, прашањата останаа неодговорени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми