1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Русија го прислушувала германскиот Бундесвер?

СН/агенции | АРД
2 март 2024

Како Русија успеала да дојде до снимка од интерен разговор меѓу офицери на Бундесверот? Германското Министерство за одбрана ја истражува автентичноста на снимката. Канцеларот Шолц говори за „многу сериозен случај“

Германски борбен авион од типот Торнадо опремен со ракетите Таурус
Германски борбен авион од типот Торнадо опремен со ракетите ТаурусФотографија: Andrea Bienert/Bundeswehr/dpa/picture alliance

Во петокот попладне руските пропагандни канали објавија аудио снимка од разговорот за кој се вели дека е од 19 февруари, годинава. Има многу индиции дека снимката е автентична, пишуваат медиумите во Германија - иако Бундесверот сѐ уште официјално не го потврдил тоа.

„Сојузната канцеларија за воено контраразузнавање (БАМАД) ги започна сите неопходни мерки“, изјави портпаролката на германското Министерство за одбрана за новинската агенција ДПА.

И германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево (2 март, 2024) реагираше на извештаите за наводното прислушување:  

„Она што е објавено таму е многу сериозна работа. И затоа сега сето се истражува многу внимателно, многу интензивно и многу брзо - и тоа е исто така неопходно', рече Шолц.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вети итна истрага на случајотФотографија: picture alliance/dpa

Експлозивен случај

Во петокот, Маргарита Симонјан, шефица на рускиот државен канал РТ, објави аудио снимка од приближно 30-минутен разговор, кој најверојатно бил пресретнат. На снимката се слушаат четворица офицери на Бундесверот како разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета Таурус. Симонјан не кажа како ја добила снимката.

Случајот е многу експлозивен: руските медиуми ја емитуваат оваа снимка, на која може да се слушне дискусија за прашањето - дали германските крстосувачки ракети технички се способни да го уништат мостот кој Русија го изгради кон полуостровот Крим.

Експерти веруваат дека снимката е автентична

На почетокот на неделата, канцеларот Олаф Шолц даде детални причини за неговото одбивање да испорача германски крстосувачки ракети „Таурус“: нивната потреба во Украина ќе бара учество на германски војници при програмирање на целите, рече тој. Шолц стравува дека Германија на тој начин може индиректно да биде вовлечена во војната во Украина.

„Бидејќи никој навистина не знае зошто канцеларот го блокира ова, природно се појавуваат најбизарни гласини“, го цитира германскиот јавен сервис ЗДФ генералниот инспектор на воздухопловните сили Инго Герхарц, кој очигледно може да се слушне на снимката. Во таа прилика тој ја изрази својата фрустрација поради тоа што мора го исправи она што го смета за погрешни информации за германските крстосувачки ракети.

Крстосувачката ракета ТаурусФотографија: Bundeswehr/dpa

Инсајдери во Бундесверот изјавија за ЗДФ дека веруваат дека снимката е автентична, но не можат да ја потврдат. Сето ова предизвика загриженост кај германските политичари.

Русија бара одговори од германската влада

Реагирајќи на извештаите и содржината на снимката, Министерството за надворешни работи на Русија побара објаснување од германската влада.

„Обидите да се избегнат одговорите ќе се сметаат за признавање на вината“, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на својот канал на Телеграм.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми