1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Дебата за офанзивата на Украина: „Ќе има многу изненадувања”

Андреа Бер (АРД)
9 мај 2023

Околу една петтина од Украина е окупирана. Владата и војската се под притисок да започнат со враќање на териториите. Има шпекулации дека контраофанзивата може да почне во Запорожје.

Бахмут Украина
Украински војници кај БахмутФотографија: Sofiia Gatilova/REUTERS

Украински војници на тренинг во Доњецк во Донбас. Меѓу другото вежбале и одбрана од можен руски напад со хемиско оружје, раскажува еден од нив. „Од почетокот на руската инвазија има и постојана закана од напад со хемиско оружје. Затоа вежбаме да препознаеме отровни супстанци и висока радијација. Со новата модерна опрема тоа е и многу полесно отколку до сега”. 

Една петтина од Украина е окупирана и посакуваното повторно освојување од војската до сега не е започнато. Претседателот Володимир Зеленски рече дека контраофанзива не може да почне без дополнителна испорака на оружје од сојузниците. 

Очигледно има премалку тенкови

Украина се бори со старо советско, но и со западно оружје. Но, недостига муниција за артилеријата и тешко оружје. Според весникот „Ноје цирхер цајтунг” до крајот на април биле испорачани помалку модерни западни тенкови отколку што биле ветени. Од повеќе од 130 очекувани „M2 Абрамс"-, „Челинџер" и „Леопард 2" тенкови само околу 70 биле испорачани. 

Каде и како Украина би можела да започне офанзива, што е и нормално, не се знае. Се шпекулира дека ќе има напад на југот за да се поделат окупираните територии од Русија и за да се блокира копнената врска со окупираниот полуостров Крим. 

Шефот на тајната служба: руската армија е способна да се брани

Воениот аналитичар од Киев, Олег Жданов, на украинската телевизија рече: „Веќе не се напаѓаат позиции како во време на Втората светска војна. За среќа нашите партнери ни помагаат со модерно водење војна, вклучително и со офанзивни маневри. Што се однесува до тактиката на нашите сили во контраофанзива, ќе има многу изненадувања, пред сѐ за руската воена команда”,вели тој. 

Москва моментално не е во состојба за сериозна офанзива во Украина, изјави шефот на украинската тајна служба Кирило Буданов за „Јаху њуз”. Русија „нема воен, економски или политички потенцијал и едвај ракети на располагање”, вели тој. 

Но, руската армија е способна да се брани и тоа за контраофанзивата е сериозен проблем. 

Русија евакуира населени места околу атомската централа „Запорожје“Фотографија: Andrei Rubtsov/TASS/dpa/picture alliance

Русија евакуира жители

Офанзива на југот би можела да започне од делот од Запорожје кој е под украинска контрола. Руските окупатори во регионот соопштија дека од таму евакуираат цели населби. 

„Како и секогаш, кога 'Рушистите ќе дојдат во густо, се преправаат дека се грижат за луѓето. Тоа сега пак го гледаме на левата страна во регионот околу Харсон”, изјави портпаролката на јужните воени сили на Украина, Наталија Хуменјук, во гостување на украинската телевизија. Како „Рушисти" ги означуваат Русите во Украина, што е комбинација од зборовите „Русија” и „фашисти”. „Тие се преправаат дека се грижат, но во реалноста луѓето ги носат до руските линии на одбрана”, вели Хуменјук. „Русите се обидуваат да ги поместат позициите и војската на начин што ќе може да се кријат зад населението”, додава таа. 

На југот се наоѓа и атомската централа Запорожје, под руска контрола. Шефот на Меѓународната атомска агенција, Рафаел Гроси, предупреди дека не е обезбедена нуклеарната сигурност. Украинските соработници во централата се под сѐ поголем стрес бидејќи живеат непосредно до централата во градот Енерходар.

„Активен ангажман за евакуација" 

Градоначалникот Димитро Орлов морал да избега во главниот град на подрачјето Запорожје, но одржува тесни контакти со луѓето во Енерходар. „Пред околу една недела беа отстранети опрема и документација од администрацијата и беше формиран пункт каде што ќе може да се добиваат непријателски пасоши", ја опишува Орлов ситуацијата во разговор со АРД. „Викендот имаше активен ангажман за евакуација, за сега доброволна, до Азовско Море, во пограничниот регион на Крим или во Русија”, вели тој. 

Додека украинските војници и натаму вежбаат за нивниот опасен ангажман против напаѓачите, политичкото и водството на армијата во Украина е под притисок да испорача успех. Министерот за одбрана, Олексиј Ресников за весникот „Вашингтон пост” тоа го формулира вака: „Многу луѓе имаат големи очекувања, кои би можеле да бидат изневерени”.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми