1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилство: Од навреди на ТикТок до тупаници во автобусите

ДТЗ
7 март 2024

Околу 20 проценти од учениците, според најновата анкета на Институтот за човекови права, биле мета на онлајн врсничко насилство минатата година.

деца онлајн насилство
Околу 20% од учениците, според најновата анкета на Институтот за човекови права, биле мета на онлајн насилство ланиФотографија: Florian Schmitz/DW

Учениците поминуваат најголем дел од своето слободно време на социјалните мрежи, во просек нешто повеќе од четири часа. Најмногу го користат Инстаграм, но популарни се и мрежите ТикТок, Јутјуб, Снепчет, Фејсбук, X и Телеграм. Но, токму на овие мрежи демнат и најголемите опасности за децата. Околу 20 проценти од учениците, според најновата анкета на Институтот за човекови права, биле мета на онлајн врсничко насилство минатата година. Оваа појава била најприсутна меѓу девојчињата. Ако резултатите се погледнат по основ на етничка припадност - една третина од учениците Роми рекле дека биле предмет на онлајн врсничко насилство, што е значително повеќе од која било друга етничка заедница.

Сајбер булинг на Инстаграм и ТикТок

Доминантен облик на онлајн врсничко насилство, според анкетата за сајбер булинг во средните училишта, е озборувањето меѓу девојчињата на што се пожалиле 35,8 проценти од испитаниците. Момчињата, пак, истакнале дека добиваат непожелни пораки на социјалните мрежи. 

Според, Мартин Сопронов од Институтот за човекови права, девојчињата вршат онлајн насилство најчесто од љубомора. Кај момчињата, пак, станува збор за забава или покажување моќ и доминација.

Анкетата била спроведена во 18 училишта од осумте плански региони низ државата со пополнување на прашалник од страна на 1.017 ученици од средните училишта од трета и четврта година. Одговорените прашалници и добиените одговори покажуваат дека учениците сакаат и чувствуваат потреба да разговараат на темата сајбер булинг.

Децата се почесто жртви на насилство: од навреди на социјалните мрежи до тупаници во автобусите Фотографија: picture-alliance/dpa

Физичко насилство во автобусите

Но, анкетата открива и други проблеми. Вербалното насилство често се сели и на улиците и во автобусите, каде децата трпат и физички напади. Анкетата покажува дека физичко насилство меѓу средношколци, мотивирано на етничка основа, е честа појава во автобусите од јавниот превоз.

„По завршување на часовите, додека се возат во автобус, им се случува многу често да бидат вознемирувани, и психички и физички, со ладно оружје. Да им доаѓаат групи, ги ставаат рацете на камерите во автобусот каде што се возат, еден ја држи камерата за да не се гледа што се случува и останатите деца потоа напаѓаат. Ова физичко насилство се случува и меѓу навивачките групи, односно членови на навивачки групи, кои што се средношколци“, вели Сопронов.

Поради тоа припадници на Министерството за внатрешни работи, во цивилна облека, ќе бидат присутни во автобусите 2, 22, 57, 47, 41 и 51, што соообраќаат на релација до Бутел, Радишани, Ченто, Ѓорче Петров, Влае и Драчево, каде што најчесто се случува физичко насилство помеѓу средношколци.

 

Зошто ширењето омраза може да стане зависност?

01:02

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми