1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дел од општините „мува“ не ги лази за штедење

ДТЗ
22 ноември 2022

Министерствата се подисциплинирани од општините - во октомври заштедиле повеќе струја, додека 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, а три имале дури и поголема потрошувачка.

струја штекер
Министерствата се подисциплинирани од општините - во октомври заштедиле повеќе струјаФотографија: Jens Niering/picture alliance

Државните институции се подисциплинирани од општините во примената на мерките за штедење коишто ги препорача Владата во екот на енергетската криза. Анализата по трошоците на струја во октомври годинава покажуваат дека административните згради на претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, ЕСМ, МЕПСО  имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември. Но, ситуацијата со општините е поинаква. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои три дури имаат и поголема потрошувачка споредено со октомври 2021 година. Станува збор за Арачиново, Лозово и Студеничани.  Казни за „непослушните“ општини засега нема, со оглед на тоа дека станува збор за препораки на Владата.

Најмалку штеделе во здравството

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија, што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. Притоа, најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има Министерството за образование - до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22%, кај Кабинетот на Претседателот на државата 24%, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25%, а кај МЕПСО 22 отсто.

Ако се земат предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто. Во анализата на потрошувачката на електрична енергија се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17 отсто.

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година. Станува збор за Арачиново со зголемување од 474%, Студеничани со 11% и Лозово со 12 отсто. Останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми