1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЈемен

Десетици загинати при масовна паника во Јемен

СН/агенции
20 април 2023

Најмалку 78 лица загинаа во човечко стампедо во Јемен. Според бунтовниците Хути, масовната паника во главниот град Сана избувнала за време на доделување на хуманитарна парична помош.

Луѓе притиснати од толпата при масовната паника во Сана
Луѓе притиснати од толпата при масовната паника во СанаФотографија: Al Masirah TV/REUTERS

Најмалку 78 луѓе загинаа во стампедо во главвниот град Јемен, Сана, кој се случи кога стотици луѓе се собраа да примат парични донации во едно училиште, изјавија очевидци и медиумите под контрола на Хутите.

Повеќе луѓе се повредени, од кои 13 тешко, пренесе телевизиската станица Ал Масира, која е под контрола на Хутите, под влијание на Иран, повикувајќи се на здравствените власти во Сана.

Фотографија од мобилен телефон од стампедото во СанаФотографија: Al Masirah TV/REUTERS

Стампедото се случило додека трговците делеле парична помош на населението, во последите денови на Рамазан, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според изјавите на очевидци, на кои се повикува Ројтерс, луѓето чекале донации во износ од 5.000 јеменски ријали, околу 9 долари.

На видео снимките поставени на Телеграм, се гледаат луѓе собрани во толпа, од кои некои врескаат и викаат барајќи помош додека обезбедувањето се обидува да го контролира собирот.

Сцена по трагедијата во СанаФотографија: ANSAR ALLAH HOUTHI MEDIA OFFICE/AP/picture alliance

Двајцата трговци кои го организирале делењето на помош се приведени и е покрената истрага, соопшти Министерството.
Во Јемен веќе осум години се води граѓанска војна, во која животот го загубија десетици илјади луѓе, економијата е уништена, а милиони гладуваат.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми