1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Во рацете на Хамас – „тоа што го претрпела е незамисливо”

27 ноември 2023

На 7. октомври Абигејл била сведок како терористите од Хамас ги убиваат нејзините родители, пред да ја киднапираат и однесат во Појасот Газа. Таа сега е во Израел, во „новата реалност”, како што вели премиерот Нетанјаху.

 Абигејл Едан заложник Хамас
50 дена четиригодишната Абигејл Едан беше во рацете на милитантно-исламистички ХамасФотографија: Tal Edan/AP/picture alliance

50 дена четиригодишната Абигејл Едан беше во рацете на милитантно-исламистичката Хамас, пред да биде ослободена во неделата во рамки на договорот за  размена меѓу Израел и Хамас.  Судбината на израелско-американското девојче ги потресе луѓето во Израел и ширум светот. Пред да ја киднапираат, таа била сведок како терористите ги убиваат нејзините родители.

Агонијата на семејствата на заробените Израелци продолжува

01:55

This browser does not support the video element.


Како што јавуваат американските медиуми, тогаш тригодишната Абигејл била во својот дом во близина на Појасот Газа заедно со другите две деца на семејството, шест и десетгодишно, кога терористите упаднале и пред очите на трите деца ја застрелале нивната мајка. Кога таткото заштитнички се фрлил врз својата ќерка, и тој бил застрелан. Шест и десетгодишното дете преживеале криејќи се во шифоњер, каде што издржале 14 часа пред да бидат спасени. Малата сестричка за која првично се мислело дека е исто така мртва, се извлекла од под трупот на татка си и потоа истрчала до куќата на еден сосед, цитира „Вашингтон пост” роднина на девојчето.  Терористите  таму  го грабнале детето  и заедно со семејството од соседството и многу други цивили го однеле во Појасот Газа. Минатиот петок Абигејл наполни четири години во  заложништво.

Преживеала страшна траума"


Бајден откако девојчето во неделата беше ослободено како прво меѓу американските заложници. Таа има доживеано страшна траума, додава Бајден. „Каква радост е само да ја видиме кај нас, но од друга страна е и тажно што се враќа во реалност во која веќе нема родители”, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Таа нема родители - но, има цела нација која ја прегрнува и ние ќе се грижиме за сите нејзини потреби”, рече тој. Роднини на девојчето во неделата, според весникот, во соопштение истакнале дека „немаат зборови за да го изразат нивното олеснување и благодарност”. Малото девојче заедно со другите две деца ќе растат со тетката, тетинот и бабата и дедото во Израел, се цитира роднината.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми