1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Говор на омраза: Контрола на платформите и на инфлуенсерите

ДТЗ
21 декември 2023

Надлежните апелираат до онлајн медиумите да се внимаваат кого канат на дебати, но и да се прави опсервација на видео содржините што се објавуваат.

говор на омраза
Говор на омраза: Контрола на платформите и на инфлуенсеритеФотографија: Christian Ohde/picture alliance

Дигиталните платформи се преплавени со говор на омраза, а клеветите и навредите се се поприсутни во дел од интернет медиумите. Се почесто јавноста е сведок на појавата на личности со контроверзни ставови кои шират говор на омраза, поради што надлежните апелираат до онлајн медиумите да се внимаваат кого канат на дебати, но и да се прави опсервација на видео содржините што се објавуваат.

Ова е особено важно по трагедиите коишто се случија по киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, како и присуството во интернет просторот на првоосомничениот за убиството, Љупчо Палевски, како автор на поткаст, додека во меѓувреме бил предмет на истраги за повеќе дела. На тој начин тој партиципирал во политичкиот живот и на бизнис сцената, па дури и креирал јавно мислење, добивајќи пристап до повеќе медиумски платформи.

Регулација и на платформите и на инфлуенсерите

Но, според најавите на надлежните, со последното усогласување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со ревидираната Директива аудиовизуелни медиумски услуги, предмет на регулација се и нови субјекти. Се најавува регулација за платформите за споделување видеа, но и на инфлуенсерите. Во следниот период, според првиор човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, ќе треба да се донесат сите подзаконски акти со коишто ќе се појаснат, доуредат и разработат постојните законски одредби за да се овозможи нивна примена.

Дигиталните платформи се преплавени со говор на омраза, а клеветите и навредите се се поприсутни во дел од интернет медиумите.Фотографија: picture-alliance/dpa/empics/D. Lipinski

Овој процес е започнат со поддршка на твининг проект во рамки на кој се работи на изработка на подзаконските акти кои се неопходни за да може непосредно и правилно да се спроведат одредбите од законот. На подготовка на подзаконските акти, АВМУ работи со германски експерт. Се очекува да бидат подготвени до април-март следната година, со инклузивност во процесот, односно увид и подобрување на текстот од сите засегнати страни, вклучително и традиционалните медиуми. 

Унапредувањето на медиумската регулатива е дел од утврдените регулаторни цели во Стратешкиот план  на АВМУ за периодот од 2024 до 2028 година. Клучни цели се и засилување на слободата на изразување и медиумскиот плурализам, зголемување на конкурентноста и одржливоста на медиумскиот пазар, понатамошен развој  на медиумската писменост и поттикнување на социјалната инклузија, јакнење на саморегулацијата и корегулацијата, зајакнување на заштитата на малолетната публика и транспарентност на медиумската сопственост.  

Зошто ширењето омраза може да стане зависност?

01:02

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми