Сѐ уште нема приближување на ставовите на Србија и на Косово, дијалогот со посредство на ЕУ останува неуспешен. Тоа не е изненадување, оценува во својот извештај од Брисел германскиот јавен сервис АРД.
Реклама
„Мала, оскудно опремена конференциска сала, вода, лимонада и неколку лепчиња на масата. Поедноставно не може. А, може и вака да се каже: мрачната рамка за кризниот состанок е во согласност со нејзиниот слаб резултат.“
Така известувачот за германскиот јавен сервис АРД ја опиша првата рунда од дијалогот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, во Брисел, со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и специјалниот пратеник, Мирослав Лајчак.
„За жал, денеска не постигнавме договор, многу ми е жал“, изјави Борел синоќа по состанокот.
Улогата на НАТО
„Тоа не е изненадување“, оценува АРД и потсетува дека Белград и Приштина меѓусебно се обвинуваат за провокации и сметаат дека другиот е одговорен за неодамнешните тензии. „Атмосферата на почетокот на состанокот беше согласно со тоа - ладна. Србинот Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Албин Курти седеа еден спроти друг не гледаајќи се во лице, туку ги прелистуваа документите пред себе - барем додека во салата беа камерите.“
АРД ја објаснува позадината на конфликтот, како и случувањата од први август и потсетува дека, под притисок на САД и на ЕУ, „контроверзните планови“ се одложени за еден месец.
Србија и Косово: 15 погледи на „внатрешниот дијалог“
Уставот на Србија вели: „Покраината Косово и Метохија е составен дел на територијата на Србија...“ Уставната рамка главно ја игнорира политичката стварност. Уличните призори зборуваат за расположението во земјата.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Српскиот „ѕид на плачот“
Српските граѓани веќе навикнаа на тоа зградата на парламентот да се порабува со лица на загинати и грабнати луѓе во „Вториот косовски бој“. Овој жичен ѕид е отстрануван повеќепати, но тој повторно се појавува како обвинување на сметка на Западот и албанските герилци.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Лицата обвинуваат
Лицата на киднапирани Срби од 1989/1999 година служат како главен аргумент за обвинувања на сметка на Северноатлантскиот Сојуз и Европската Унија.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Меѓу Косово и Крим
Моден детал со политички некоректна русофилска формула на белградската пешачка зона. Туристите од Запад радо го купуваат бизарниот сувенир.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Руска алтернатива
Борис Тадиќ во предизборната кампања во 2008 година го ифрли слоганот „И Косово и Европа“. Овој графит одговара на очекуван начин.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Таблоидите србуваат
Острите политички пароли на ѕидовите можеби станаа поретки затоа што сѐ повеќе врескаат насловите на таблоидните печатени производи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Браќата Шпанци
Шпанскиот е популарен во Белград. Не толку во училиштата за странски јазици, колку во „Немањина“ улица, во близина на Министерството за надворешни работи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Срце и аритмии
Додека еден белграѓанин се обидува да пронајде нешто корисно во отпадот, од ѕидот го бодри позната крилатица.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Кој не е со нас е против нас
Фудбалскиот сојуз на Србија попусто се бунеше против одлуката на УЕФА од мај 2016-та за прием на Косово како полноправна членка. Одлуката е конечна од почетокот на 2017-та.
Фотографија: DW/D. Dedovic
ЕУ како империја
Космет всушност е кратенка (Косово и Метохија). Во зборот „Евробска“ се сокрила придавката „робска“.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Вдахновение во премин
Плод на патриотско-поетско вдахновение на ѕидот на премин меѓу главната и една споредна улица во Лексовац.
Фотографија: DW/D. Dedovic
На КиМ со благослов
Дел од уличните призори во градовите се и повиците за обиколка на манастирите и на српските општини на Косово, со благослов на црковните власти.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Римување, некому стравување
Опомена за српската политичка елита, доколку некој случајно помислува на некаков вид признавање на косовската независност.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Урнатини кои опоменуваат
Своевиден споменик кој со својата наказност во градскиот пејсаж потсетува на бомбите кои во 1999 година ги испрати НАТО.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Албанци кои се сакаат
Актерската легенда Беким Фехиу од 2010 година (кога си го одзеде животот) не е меѓу живите белграѓани, но неговата книга и натаму е хит во излозите на белградските книжарници.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Трунка надеж
Повеќето графити на улиците сепак се тематски надвор од „внатрешниот дијалог“. Можеби најрадикалните пароли се преселени на социјалните мрежи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
15 фотографии1 | 15
Експлозивната ситуација на северот на Косово го привлекува вниманието и на НАТО, пренесува АРД и потсетува дека генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, најави дека меѓународните безбедносни сили КФОР ќе интервенираат доколку бидат загрозени мирот и стабилноста во регионот.
„Сѐ уште има време до 1 септември. Не се откажувам“, рече вчера во Брисел шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. „Двајцата лидери се согласија оти процесот треба да продолжи и да се продолжи со разговорите во наредните денови.“