Дипломати: БиХ ќе добие статус на кандидат за ЕУ
13 декември 2022![Знамиња на ЕУ и на Босна и Херцеговина](https://static.dw.com/image/53356334_800.webp)
Реклама
Министрите за европски прашања на земјите членки на Европската унија постигнаа согласност за доделување статус на ЕУ-кандидат на Босна и Херцеговина, јавува агенцијата АФП повикувајќи се на информации од дипломатски кругови. Одлуката би требало да биде официјално потврдена на самитот на ЕУ во четврток (15.12).
Европската комисија препорача кандидатски статус за Босна и Херцеговина во октомври годинава. Тој е поврзан со реформи во правосудството и управата.
На крајот на јуни, ЕУ испрати сигнал до Русија и им даде кандидатски статус на Украина и Молдавија. Се проценува дека процесот на приклучување на овие земји во ЕУ може да трае со години, ако не и со децении.