1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДКСК: Педесетина градоначалници не пријавиле имотна состојба

17 декември 2025

Антикорупциска комисија откри дека 54 градоначалници не пријавиле имотна состојба. Ќе следат казни и проверки

Nordmazedonien Skopje 2025 | Plakatwände im Wahlkampf für Kommunalwahlen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави дека педесетина градоначалници не ја исполниле законската обврска за пријавување на имотната состојба и интереси. Според официјалните списоци, 35 поранешни градоначалници не доставиле изјава по престанокот на функцијата, а 19 новоизбрани градоначалници не ја исполниле обврската по почетокот на мандатот. 

Некои од градоначалниците се појавуваат на двата списоци, бидејќи освоија нови мандати на последните локални избори.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Кои се на листата?

Меѓу прекршителите се најдоа имињата на поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, како и на нејзиниот наследник, Орце Ѓорѓиевски. Некои од нив се појавуваат на двата списоци, бидејќи освоија нови мандати на последните локални избори.

Таков е примерот со Дарко Костовски, градоначалник на Бутел, Курто Дудуш во Шуто Оризари, Андон Сарамандов во Гевгелија и други. 

Меѓу прекршителите се најдоа имињата на поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, како и на нејзиниот наследник, Орце ЃорѓиевскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Што предвидува законот?

Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси јасно пропишува:

  • Сите избрани градоначалници мора да поднесат изјава за имотна состојба во рок од 30 дена од изборот.
  • По престанокот на функцијата, мора да достават нова изјава.

За непочитување на оваа обврска следуваат казни од 300 до 500 евра.

ДКСК најави дека ќе издаде прекршочни платни налози и ќе иницира постапки за проверка на имотната состојба на сите кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска.

„ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси“, се наведува во соопштението.

Пријавувањето на имотната состојба е клучно за транспарентност и спречување на корупција. Оваа обврска овозможува јавноста да има увид во имотот на функционерите и да се спречат злоупотреби на службената положба.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми