Светското население до денеска математички ги потрошило расположливите природни ресурси за оваа година. Шумите, водните тела и полињата страдаат како резултат на тоа, но и идните генерации.
Реклама
Според пресметките на експертите за заштита на животната средина, човештвото заклучно со денешниот ден ги потрошило сите природни ресурси, кои му се всушност достапни и кои планетата може да ги произведе за една година и со тоа влезе во „еколошкиот долг“, два дена порано од минатата година.
Денот на надминување на ресурсите на Земјата од раните 1970-ти се одбележува се порано, со исклучок на 2020 година кога падна на 22 август поради помалото исцрпување на ресурсите поради пандемијата.
Светската еколошка организација Глобал футпринт нетворк, која го пресметува тој датум секоја година, соопшти дека за обнова на сѐ што му е потребно на човешвтото од природата че биде потребен биокапацитетот од 1,75 на планетата Земја.
Три милијарди луѓе живеат во земји кои произведуваат помалку храна отколку што консумираат и остваруваат пома приход од светскиот просек, се вели во извештајот.
7 необични последици на климатските промени
Климата се менува и предизвикува да се случат некои необични нешта - како промена на полот на младенчињата кај животните. Еве некои од најнеочекуваните начини на кои климатските промени ќе влијаат врз животот на Земјата:
Фотографија: picture-alliance/dpa
Внимавајте: медуза бум!
Иако има многубројни фактори зад големиот број медузи кои стигнуваат до туристичките одморалишта, на пример на брегот на Средоземното Море, климатските промени, исто така, се делумно виновни за тоа. Потоплите температури на морињата отвораат нови области во кои медузите може да се размножуваат, и ја зголемуваат достапноста на нивната омилена храна: планктонот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Совршеното дрво исчезува
Ценети поради нивниот супериорен квалитет на звукот, оригинална Страдивариус виолина може да се продаде за милиони долари. Но, екстремните временски појави убиваат милиони дрва, доведувајќи го во опасност прочуеното дрво во шумата Паневеџо, во северна Италија. Засадувањето дрвја нема да помогне многу на кус рок. Една смрека треба да биде најмалку 150 години стара пред да стане виолина.
Фотографија: Angelo van Schaik
Заборавете на спиењето
Во многу жешките ноќи луѓето спијат полошо, особено во големите градови. До 2050 година во европските метрополи температурите на лето може да бидат повисоки за 3,5 степени. Тоа не само што влијае на спиењето, туку и на расположението, продуктивноста и менталното здравје. Единствениот начин да се избегне тоа е преселба во помали места, каде ноќите се поладни со помалку згради и повеќе зеленило.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R.K. Singh
Извинете за носот
Пролетта започнува порано поради глобално повисоките температури - лоши вести за оние кои страдаат од алергија. Со подолга сезона без мраз, растенијата имаат повеќе време да растат, да цветаат и да произведуваат полен. Затоа поленот слободно ќе си лета многу порано, што ќе ја направи сезоната подолга за оние кои имаат алергија. Дали тоа ќе биде век на маски против загадување на воздухот и алергии?
Топлината не само што прави да се потиме туку и влијае на нашето здравје. До крајот на векот се очекува 3/4 од светското население да биде изложено на смртоносни топлотни бранови. Растот на температурите значи и раст на стомачните заболувања, бидејќи е полесно бактериите да се размножуваат во топла храна и вода. И бројот на комарци веројатно ќе се зголеми заедно со други болести како маларијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schulze
Куќите се распаѓаат
Почвата во регионот околу Северниот пол засилено се топи во летните месеци, со драматични локални и глобални последици. Високите температури предизвикуваат подовите да станат нестабилни, а куќите и патиштата да попуштаат. Освен тоа, ако се стопи „вечниот мраз“ на Арктикот - ќе се ослободат CO2 и метан гасови што дополнително можат да го влошат глобалното затоплување. Тоа е злокобен круг.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Antonov
Машко или женско? Прашајте ги климатските промени
Температурата дури може да влијае и на полот на неколку видови животни. За морските желки, топлината на песокот каде што се положуваат јајцата го одредува полот на новороденчето. Ниските температури се подобни за машките желки, повисоките за женките. Истражувачите открија дека во мрестилиштата за желки во северна Австралија веќе сега над 99% се женки, што е голем проблем за преживување на видот.
Фотографија: Imago/Nature Picture Library
7 фотографии1 | 7
Исто така, 72 отсто од светското население живее во земји со дефицит на биокапацитетот.
Во соопштението се наведува дека 60 отсто од еколошкиот отпечаток на планетата се состои од емисии на јаглерод диоксид и дека тие мора да се сведат на нула до 2050 година за да се избегнат брзи климатски промени.
Фактот дека пречекорувањето на ресурсите трае веќе 50 години значи дека вкупните годишни дефицити создадоа долг кон природата еднаков на 19 години планетарна регенерација.
„Резултатот е широко распространета деградација на екосистемите и атмосфера исполнета со гасови кои го создаваат ефектот на стаклена градина“, се наведува во соопштението.
Се додава дека ако човештвото го одложува Денот на надминување на ресурсите за шест дена секоја година, до 2050 година ќе има доволно ресурси на една планета за потребните жители на Земјата и да се исполни целта за ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови. , Денот на надминување ќе треба да се пресели за 10 дена.